Вечерва ме изнервира комшија. Стои во место со запалени светла за кои мислев дека му се долги, не гледам ништо пред мене за да се разминеме на тесната уличка. Му блицнав, и тој ми блицна (едвај се примети дека блицна)
Аха, баткава се подновил со ЛЕД светла на Толедото од доцни 90 или почеток на 2000та.
Ги изгасив моите светла мислејки дека ќе му текне да ги изгаси неговите, пошто нели он си стои во место. Јок, мува не го лази.
Излегов од кола и му кажувам дека ништо не гледам и да ги изгаси светлата за да се разминеме, и му дофрлив зошто купил ЛЕД
Лелеее, на крај излезе тој изреволтиран, почна да вика, намерно купив такви, ти мене ќе ми кажуваш да ги гасам, што ве боли што сум купил итн
Морав да го потсетам дека ако ми пукне филмот убаво знае каков станувам, па ги изгаси
Па сега си размислувам, за жалење е комшо, којзнае колку бленди попива за да биде толку истрауматизиран од неговите ЛЕД светла
