Друштво, се обидувам да најдам информација за тоа каде се купува течност за трепкачи. Знам дека еден член тука пишуваше каде може на големо да се купи, ама не можам да го најдам постот.
Исто така, ќе ми треба и поголема количина на пластични шишенца за да можам да ја распоредам течноста...
...идејата ми е да ги шиткам помеѓу семафори и пешачки премини - изгледа има некоја криза во набавка и луѓето не успеваат да си ги дополнат трепкачите со што се автоматски неупотребливи.
За почеток може и бесплатни примероци да давам.