Катната кај Рамстор/цветен пазар е тип топ од аспект на простор, хигиена ..Чисти, исправни лифотви со музика, доволно простор за поглеми возила, дури навечер amblight има.
Но мислам дека е доста поскапа, начинот на месечно плаќање (наместо на автомат) е со уплатница во Дирекција во Центар до каде мора специјално да одиш ( бар така беше) плус и има некои безвезни услови во договорот како:
- картичката не може да се користи после 18ч и за викенди.
- картичната гласи на едно возило ( по рег.таблици), наместо на сопственикот...итд.
Ова беше вака пред да откачам..сега може е сменето.
На едната кола имаме месечна претплата таму, кај жена ми на работа има луѓе што тоа си го бркаат плаќањето, 1.000 денари е месечно и немаш временско ограничување кога и како да ја користиш гаражата.
На самата картица ја пишува регистрацијата на возилото мада и да одиш со друга кола никој не ја проверува картицата, инаку местоположбата и е супер, понастрана од строгиот центар а за 5-10 минути пешки стигаш било каде низ центарот.
Јас секогаш ја користам таа (за Трансформерс ако правиме муабет)
Во предновогодишните гужви си имаше место веќе на 3-4 кат
30ден. е саат исто како и кај другите катни, е за месчно не знам како иде
како и да е, многу порастеретено, а ми беше на 10 минути пеш и до министерства, УЈП, ГТЦ...
@zeroSignal ја спомнав како опција. Инаку еднаш бев, ми се заглави колата, па отиде хаусмајсторот до кутијата алат да ја одглавува додека ја се серев доле од паника. Никад више.
Сега околу прославиве на фирмиве за нова година, два пати паркирав кај пошта, првиот пат со Шкодата, и искрено мислев половинка ќе ми ја вратат бидејќи буквално од почеток до крај беше во тоа кутијата, вториот пат поучен од првиот отидов со Аурисот, ама бегај бе, чукаше тропаше лифтот додека ја чекав, така да од мене толку им беше, башка простапот е катастрофа, секогаш блокирана едната лента и има една лента да се стигне до влезот/излезот од гаражата.