Попушта и асфалтот, односно врзивниот дел. Доколку врзивниот дел не е добро составен и нанесен, ранлив е на пенетрација на вода. А знаеме дека вода каде што ќе влезе, кога ќе замрзне ќе направи штета. Кога водата замрзнува моше без мака да скине челик а камо ли асфалтот да го испука. Кај нас на пример кога се крпи некој пат, го гребат стариот, нанесуваат малку катран или бетонит, ставаат со лопата асфалт и го проаѓаат со ваљак. За да биде добар, мазен и траен, како во Белгија или Германија на пример, откако ќе се направи сето тоа, треба да се обработи и со термичка преса, тоест специјална машина која го загрева на многу високи температури и новата и старата површина ги топи и фузира меѓу себе. Затоа вода не може да влезе и да го уништи асфалтот.
Така да Бушавиот до некаде е во право. Без оглед дали е рециклиран или е virgin, неквалитетниот асфалт попушта, нема врска тоа со трасата. Квалитетниот асфалт е хемиски стабилен и во теорија е неуништлив. Само техничко е прашањето зошто кај нас асфалтот кратко трае.