Се јавиле од зградите сигурно. А гледам се вовел некој ред, нема многу коли. Ако почнат студенти да им паркираат пак кај ќе е крајот. Затоа мора одма да се реагира.
Мора ред да се стави со паркирањево, мора. Пајаци на секој чекор треба. Што повеќе тоа подобро за сите нас. Денес прошетав по Партизанска. Препород. Пешки од рузвелтова до Соборен е џам за пешки. Само кај Буњаковец пазарот уште не се доставени ступчињата и одма се буташ ко вол. Со ступчињава сега веќе не морам со кола да одам до таму. Сосем прифатливо е да се отиде пешки. Така и треба.
После стока што се паркираше кај кафичов Штала (нели стока - штала тоа си е), на тротоарот пред кафичот.... На 30 паркинзи во околина огромни. Ама нели јасно е... Сега ступчиња ставиле. Препород. Пешки до АБЦ и до парк без да се бутам. Нема потреба со кола да се оди. Милина.
И кај Силбо дигаат кај Камот на тротоар. Само така. Нема друго со овој прос' народ. Па дигаат секој ден пред Броз, полека полека се научујат простаците белосветски. Како што ги научија да не се паркираат по Рузвелтова НА САМА УЛИЦА и да зафаќаат цела трака, така ќе се научат на ред и тука. Како што се научија цел Карпош да е чиста Партизнаска (незнам дали памтите дека една лента за паркинг беше резервирана. Така ќе се научат и на други места. Сум подзастанал и јас со кола, кај лептокарија чекав некого... две три минути и ете џандар позади мене, тот, тот, уиииииу. Ајде дечко неможе тука. Така е. Одма се тргнав, и се усрамив што сум застанал таму. Сега веќе нема да застанам - нормално.
Да се навратам, кај буњаковец не се одеше веќе. Тоа беше страшно нешто. И уште е пред самиот пазар, ама околу е средено. Се надевам ќе ги довршат до следна недела комплет ступчињата. Нема лек инаку. Испопаркирале свашта во 5 реда. Неможеш да пројдеш. И следниот пат и јас со кола ќе отидам и ќе бидам дел од гужвата. Нема, нема лек. Нема разбирачка.
Овие горе остаиле колите покрај ѕидот. И ПЕКИ! Не смета да оставиш кола покрај ѕидот, тоа не е проблемот да се разбереме. Него проблемот е ако се паркираш таму. И после тоа друг ќе се паркира, и уште 10 позади и пред него. И тоа станало паркинг, и налет.
И баш додека одев Прееска по партизанска поминаа повеќе пајаци, и последен беше овој на сликава со напред ознака Турбо. Баш ги видов како одат значи.
Рајата препроста кога ќе отиде во парк сабота недела наместо да оди во селото од кај што дошле, по тревници, по пешачки, по патеки, по све бе брат паркирани. Нема тука очеш нечеш, све со коли. Само ступчиња. Нема друго. Ступчиња и пајаци. Лекот е тој. Ја опраија илинденска накај воена болница све со ступчиња, и навака почнаа Карпош делот да го решат. Нема друго. Сега се оди, се проаѓа некако. Не е тепачка.
Истото што и Члинк го зборуваше на форумов за на раскрсницата. Јас не викам да не се паркираат. Кога мене никој не ме прашал нека се паркираат... Ама остај место да се пројде бре сељаку селски простачки. Раја. Ајт пајакот.
Нема лабаво. И мојата ја кренаа пред недела две кај Силбо. Нема лабаво. Само така. Крив сум.