мојата причина ја кажав... абе будала работа... со фијат 132-ка ке влагаме со 160 и нешто во таа кривина... и да ШАХТАТА БЕШЕ КРИВА!! тоа што возевме претерано брзо НИКАКО не беше главната причина... тоа е споредно...
абе тоа беше времето кога сеуште немав возачка... ама во тоа време и други закони и правила владееја. ако те фатеше полицаец без возачка, ке те приберат во станица, стариот ке ти го викнат по телефон (фиксен), ке дојде он таму, ке глуми лудило дека си му ја украл колата од дома и толку... после дома, нели, следовањето си го добив за скшениот фар, браник и сјебана хауба, ама за 2 недели, пак ја имав колата во раце за да се глупирам...
ти во твоја одбрана што ке кажеш? или исто како хгт кога успеа да сруши 4 железни стуба, да се лупне во дрво и да слета пак на булеварот возејки само 70 возило кое едвај тежи 800 кила? сите кога правите сообраќјки сте невини... јасно како ден... сите... изгледа само јас сум самокритичен на форумов и признавам кога сум направил срање некое тешко... среќа тогаш со оградата, што не лупнавме во бандерата во која лупнал типов пред ден-два... инаку и нас ке не читаа тогаш (во весници само)... среќа повторувам... кочен траг од сите 4 тркала, од средина на кривина до самата автобуска одспроитва, вклучително и низ тревата... денес, ако недај боже се повтори тој момент, не стигаш до автобуската, пошто тука сега има жардињери... има да се плеснеш како палачинка...