Мускулестиот автомобил, кој досега се нудеше само на пазарот во Северна Америка, ќе биде лансиран и во Европа. Моделот кој сигурно ќе предизвикува многу погледи на улиците, ќе се нуди со 6,2 литарски V8 мотор со 432 КС (405 КС со автоматскиот менувач), доволни за спринт до стотка од 5,2 секунди, а замислете, ќе има цена од 38.900 евра, односно 43.900 евра за кабриолетот (може да варира зависно од даноците во земјата)!!!
Chevrolet, сакајќи да ги задоволи купувачите на европскиот пазар, дури и работеше на тјунирање на подвозјето на аптеката во Нирбургринг, како истото би овозможило динамично возење и во свиоците (Амерканците повеќе сакаат палење гуми на правец).
Секако, потрошувачката нема да биде ниска (14,1 литар во просек за мануелниот, 13,1 за автоматскиот менувач), но тоа е и логично – американските мускули отсекогаш барале многу протеини.
Всушност, и покрај тоа што носи многу од културата на Америка, Camaro може сериозно да се наметне на пазарот и чисто кај вљубениците во спортските автомобили, особено што е супер евтин и достапен. Ако размислиме, Camaro V8 е само 10 илјади евра поскап од добро опремен компактен спортист, односно ниту денар поскап од Ford Focus RS на пример!