Без разлика на возилата кои се споредуваат, за мене Drag Race е тотално нерелевантна споредба и дисциплина.
1. Многу ретко (односно, скоро никогаш) во реалниот свет нема да се најдеш во соодветна ситуација.
2. Drag Race не бара скоро никаков талент од страна на возачот, особено ако колата е со автоматски менувач. Истата функција може да ја заврши цигла на педалата за гас.
3. Коли припремени за Drag (без разлика дали се европски, американски, јапонски, итн) се апсолутно небитни на реална улица, за терање секојдневни обврски.
4. Мене барем, поентата на добра кола секогаш ми била уживањето на возачот и истакнувањето на неговиот талент. За возење на право не е потребен никаков талент. И дечките од Ево си кажуваат - „With a live rear axle and slightly indistinct steering, it's fair to say that the Shelby doesn't really do corners."
Значи, кола, на која што за да си ги покаже талентите (пак ќе кажам, во споредба со 200 коња послабо возило, кое и покрај 200-те коња помалку има мање-више исто забрзување до 100 километри на саат) и е потребен аеродром. Whoa. Real-world usability, right there.