Абе само погледни колку е прекрасен и практичен и удобен и совршен, кој да го кења? За што да го кења? За еден мотор? Па очигледно и не е лош тој мотор. Сигурно не е интересен како 5.0 V8, ама врши работа. А пак добиваш прекрасно, практично, удобно, совршено купе кое проклето се бара во овој денешен свет на циркуз креации. Неверојатно е колку е таман стокмено за секој еден човек да може да се пронајде во него. Има простор, има гепек, има мотор, не е прениско, доволно е брзо, крузер за мерак... Немаат крај епитетите. И пред се Погледни го! Може да сањаат другите да изгледаат валку убаво. Кое мондео, кои бакрачи... Мустанг.
Ќе има и дизел варијанта еден ден сигурно.
Јас пак би V8 на плин. Само заради драмата и звукот кој те тера да се смееш како 9 годишно дете кое му дале киндер јајце.
Да, прекрасен е.
Дилемата е ..што е помалку сТрамота:
- половен V8 на плин (очекувај мин 30 литра градска) и неколку седи влакна додека да го увезеш и регистрираш или
- ганц нов Екобуст,господски порачан од Мида, со гаранција, сервисна поддршка ...али и со простор под хауба фудбалче на рачки да монтираш.
Еднаш возев школка на Астра ОПЦ...не знам дали би возел школка на Мустанг...а не дека не е добар..далеку од тоа.
Еве и тестови барам каде чекам да го оцрнат, али тешко.
Спортско возило на плин, сакаш да го ебеш моторот за кратко време?
Може планираш да возиш пензионерски, колку да те гледаат што тркалаш.