Автор Тема: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)  (Прочитано 12187 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« на: 28 Февруари 2012, 08:36:34 am »
Више ми дое преку глава да ја држам 5-тата врата од кола со глава коа треба нешто да извадам или да ставам у гепек. У принцип летно време нема проблем, ама штом залади си паѓа мадоле...Тоа паѓање уствари го прави и тежината на елипсите кои се на даската, али и нив да ги откачам, пак ке треба даската да ја подигам и тако даље. Значи со еден збор им дое времето да се сменат со нови...Барајќи по продавнициве, цените горе доле се околу 900~1000 денари за ново амортизерче по комад, а на старо се од 500~600 денари. Тоа е сулудо пошто никој не може да ти гарантира за исправноста на истите, а и + стари ете имав...Пак да се заебавам со стари работи од ваков тип немав намера, па се одлучив да си земам нови и тоа од германски бренд "Optimal". Купено од Оптикоп, а и дечките што работат се многу фини. Поздрав и до нив.
Еве како изгледаа:





Верувам дека на некого ке му помогне ова кратко туторијалче за промена на овакви амортизерчиња. во принцип нема никаква филозофија и истите се менуваат за помалку од 5 минути. Се што ви треба се амортизерчиња, еден штрафцигер, мене у моментот ми се најде фазомерче  ;D, една мотка за да си го потпрете гепекот за да не ви падне на глава и 5 минути слободно време проследено со малку знаење  ;D
Ова е едно од најбитните помагала во целата прича, зошто без него не завршувате работа  ;D
Мотката за потпирање. Јас ја искористив истата со која ја потпирам вратата од гаражата  ;D



И ондак сме спремни за зафатот. На самиот амортизер има еден осигурач кој треба да се ослободи за да излезе од куглата за која е прицврстен. Тоа се прави со обично такозвано минус штрафцигерче.
Ова го правиме на двете места и амортизерчето е ослободено. Истото важи и за другата страна.





Со повлекување, лежиштата се ослободуваат од куглите кај што се заглавени.



Е сега, одма се монтираат новите амортизери, со едноставно притискање на лежиштето во куглата. Но бидејќи ја сум невидена забеготина, понекад претерувам, но во моментов мислам дека беше потребно куглиците шаде што треба да се уштекаат лежиштата од амортизерчињата требаше малку да се зачистат бидејќи имаше малку видлива корозија, а потоа им ставив малку мастче. За подобро да лизгаат :)





По монтирањето на истите, колецот за потпирање се ослободува, но со доза на претпазливост :)
Од кај да знам дали се ке биде како што треба...Можда и овие ке попуштат :) Но ефектот одма беше видлив...Закачена даската со елипсите, гепекот си се подигнува и си стои баш како што треба :)





Еве и доказ за истото  ;D



Понекогаш не обрнуваме внимание на вакви работи, но сепак многу значат.
Мене ситници ме нервираат, поготово овакви кои не ми функционираат на колата. Гепек не се отвара секој ден, но еднаш у недела ке те извади од такт и ти иде да искршиш све :) Поготово коа си со мало дете и коа ке треба да ставаш количка, и уште еден куп глупости во гепек...
Меѓу другото, кога веќе спомнав деца, еве еден апел до класниот "zerosignal" да му дадам една идеја како да направи нешто за и во врска со безбедноста на децата :) Односно со ознаките кои се ставаат на колите дека се вози дете.



Фала многу пријатно :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1304
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #1 на: 28 Февруари 2012, 08:58:14 am »
Супер ти је туторијалов, за налепница мислам дека неможе да се користи МикиМаусот, иако супер изгледа, ако запазуваме авторски права. Штета е што кај нас повеќе се обрнува внимание на "Child in Car" налепници отколку детето да биде прописно седнато во детско седиште.

Инаку место летвичето можеш да користиш од оние клештите што на одреден стисок се заглавуваат ( оние со тркалце во едната рачка), па ја тураш на другиот амортизер, со крпче да не гребе.

За твоја информација , Optimal KG  е трговска фирма во Германија и нема свој производен погон. Германски е колку што е Ферал Шпански.
Колку беше цената на оргиналниот производ ? Не од Пежо него кај другиве што држат оргинал ?

Често овие брендови, ја намалуваат цената од оргиналните за 10тина посто, а треба да се 4-5 пати поефтни.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #2 на: 28 Февруари 2012, 09:04:38 am »
За налепницата.
Не мора да е микимаусот, може да се стави бебенци или некаква илустрација, многу пофенси изглед да се направи, но ова беше тоа што го најдов за 100-тче во Веро, а ме нервираше грчкиот текст :)

Цената на амортизерите беше околу 750 до 800 денари, незнам точно пошто земав повеќе работи, па платив комплет, а сметчето отиде по некоја канта :)

Во Цилаз беа 900 по комад, а исто така препишани беа цените и кај другите. Со тоа што другиве немаа во моментот али за утре или најкасно неколку дена можеле да обезбедат... :)

А Optimal е сигурно подобро да се стави него амортизери на старо, нели? :) Мислам дека тука се согласуваме :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #3 на: 28 Февруари 2012, 09:06:29 am »
Многу менува овој сервис на возилото. На 5 години ги менувам и јас на колите кога ќе почне поспоро да се крева од нормално. :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1304
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #4 на: 28 Февруари 2012, 17:08:05 pm »
За тоа налепницата се слагам, и ги повикувам креативните умови да направат идеја, и да ја предочат на класниот. На мој трошок ќе дадам да ги направат, и ќе ги поделам на среќните татковци.
Секако дека нов амортизер е подобар од стар, ама за 100-150 МКД требало да земеш од кај Цилаз. Претпоставувам дека понудил некој стандарден знаен бренд.

Јас пред 3 години купував амортизер за шкода фабија ( го правев голфот сам да се отвара багажникот, ама тоа е друга прича ) цената кај нив беше околу 1100 МКД. Оргинален VW. Си требало да прашаш и кај овие у Пежо. Можда ке изненаделе со цена за оргинал, на кој имаш барем 1 година гаранција.

Коментаров ми је добронамерен, нејќам мерак да ти кршам, и се надевам дека не сум во право.



Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #5 на: 28 Февруари 2012, 17:15:54 pm »
Не ми кршиш никаков мерак. И јас добив гаранција од 1 година за амортизерите. Инаку тие у Пежо како прво ме вадат од такт кога ке прашам за билошто ме прашуваат за број на шасија...А амортизерите се едни те исти за тој тип на кола за цела серија. Нема никаква разлика...Лазе деловите ги носи од Грчка, заборавив од која продавница, на времето кога повеќе се замарав и тоа го знаев. + ги познавам момците таму што работат, во Оптикоп зборам, и досега она што го бива ми го понудиле, а она што не го бива, и самите ми го кажуваат и ме препраќаат на друго место. Така да, ке видиме што и како ке се одвива понатаму :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #6 на: 28 Февруари 2012, 20:08:00 pm »
Ај аирлија нови амортизери !!! Треба да купам и ја за АХ-от - само да проверам на НЕТ колку кило њутни се оригиналните пошто се врзани директно на стаклото задно ... тоа му е мана на Ситроенчето :/
Имам едно прашање: колку си сигурен дека така треба да стојат амортизерите, а не обратно ?
И една забелешка: лежиштата на куглите не смеат да се подмачкуваат :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2012, 20:18:25 pm »
Имам едно прашање: колку си сигурен дека така треба да стојат амортизерите, а не обратно ?

Така се наместени фабрички.
+ Шипката од амортизерот бутка, а не телото нели?
Логично ми е така да е, сем ако не се изопачила логиката као и све остало у денешно време :)

И една забелешка: лежиштата на куглите не смеат да се подмачкуваат

Зошто мислиш дека не треба да се подмачкаат? Односно дека не смее да се подмачкаат? :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2012, 20:37:14 pm »
Хахаха а бе незнам, сум видел многу фабрички обратно свртени, затоа и прашувам - иначе и мене ми е логично како ти што си ги наместил :D
За подмачкување... пошто е метал со пластика не треба да се подмачкуваат, а можат и да се одвојат (лежиштето и куглата иако имаат осигурачи). Некаде и осигурачите се пластични - пластична штифна што влага како чивија и го притиска лежиштето. Инаку зглоб треба да има подмаз ама една маст се користи за метал, а друга за пластика-у комбиниран случај не се подмачкува - на сметка на помекиот материјал кој (ќе) се абе :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2012, 20:43:40 pm »
А маста би можела некако да смета во случајов, не разбирам која е штетата само помалце ќе се абе пластиката.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #10 на: 28 Февруари 2012, 20:47:34 pm »
А маста би можела некако да смета во случајов, не разбирам која е штетата само помалце ќе се абе пластиката.

Тачно...Затоа и овлаж се става...
Џиџо, сакаш упутства, сериски и парт броеви на масти и мазива да ти извадам? :) или нема потреба? ;)

Иначе не може да излета од лежиште, добро е стегнато...Добро им е осмислено како да упадне во лежиште и како да биде прицврстено...Не го правеле ова малтерџии :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2012, 21:17:52 pm »
Хехе ок е све ! ;)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #12 на: 28 Февруари 2012, 22:09:37 pm »
 :-*
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #13 на: 28 Февруари 2012, 22:42:23 pm »
А маста би можела некако да смета во случајов, не разбирам која е штетата само помалце ќе се абе пластиката.

Штетата би била цело задње стакло - у случајов кај мене со АХ-от, се откачи амортизерот т.е. склизна лежиштето од куглата затоа што му ставив овлаж маст и го направи сол стаклото :)

http://www.citroencars.info/2011/06/citroen-ax.html

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Замена на амортизери на 5-та врата (гепек)
« Одговори #14 на: 29 Февруари 2012, 03:54:06 am »
Тоа више друга работа, и кај мене на Астрата се за менување добро издржаа 15 години не се малце :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“