Планика никогаш повеќе.
Сам се цитирам за да се види кога ги имам пишано за помустот во Пеко, инаку кондурите Planika Anapurna ги имам купено на 03.11.2012 година.
Во Пеко имаш сега попуст, има одлични Алпина кондури по цени од 4000 до 7000 денари.Кои претходно беа по 9-10 000 денари.
Во овие две години колку што ги имам кондурите, беа облечени вкупно 5 (пет) пати и носени по максимум 2-3 саати.
Цело време се чувани во кутија под спална, значи на дневна температура.
Ги облакам сега на снегов и ми се распадна цел ѓон, од нигде никаде, се одлепи и се распартали.
Им идам во Беко и им кажувам вака и вака, прво ми се изнавикаа зш сум отишол у 8 сабајле, па после се чуде како ја чувам сметката, и на крај да ми речат дека и нивните така се распаднале.
А бев да ми кажат дали имаат нивни сервис да ми ги средат.
Ги однесов кај еден кондураџија во центар Чевлар Бади ми стави нов ѓон, 1.200,00 денари за двете ме кошташе. И ми вика, не си прв, многу луѓе доаѓаат со Планика и ми покажува по рафтовите, стварно 30% од кондурите беа Планика.
Ѓоноит им имал век на траење од 8-10 години,ама никој незнае колку време ги чуваат по магацини, и така моите планика кондури до сега едно облакање и носење од 2-3 саати ме чини повеќе од 1.000,00 денари.
Се изнапишував ама многу бев накурчен па убаво е да си знаете што се носат и продаваат кај нас.
После мојата случка уште еден куп познаници се пријавија дека менувале ѓонови на Планика кондурите и дека после тоа со години мука немаат.