Рацеве не се за украс.
Си ги ставив сам. 25 минути потрошено време. И 5 минути кругче низ маало - тест.
4300К 55W во магленките. Со тенки баласти. Боичка бела со мали примеси на жолто кога го гледаш фарот. А кога седиш зад волан - совршена боја, чиста бела. Милина за возење. Попријатно од 6000к за возачот. Џандар не приметува дека е ксенон, па мајка Јана нека е. А тоа што овие имаат 3 пати поголема ефикасност ги прави фантастични за возење. Ги проверив и на ѕид. Не сум знаел дека и магленките правеле црта! Одлична работа, не сметаат на колите од спротива воопшто, очекував дека многу повеќе ќе смета, но сум пријатно изненаден.
Сум направил одличен избор, иако ми пролета мисла да ставал 70W, или 100W ксенон во магленките, ама си викам да не се оптерети повеќе од што треба куќиштето. Вака некоја добра јачина. Скоро 3 пати посилно и побело од обичните.
Бојата за возење е перфектна и само прашање на време е кога ќе ги заменам и горните 6000К со 4300к варијанта. Но, тие 35w зошто веќе имам такви баласти ставено и да не смета.
Топла препорака, да си ставите ксенонче.