Затоа што Абрамович сака повторно да се кандидира за застапник во регионалниот парламент на руската провинција Чуктока, според антикорупцискиот закон бил приморан по првпат да го открие пред јавноста сето свое богатство.

Абрамович ја пополнувал имотната картичка во 1998. година кога исто така бил застапник во парламентот во Чуктока и тогаш неговиот имот се состоел единствено од стар автомобил од марката Лада и ниту една недвижнина или земјиште.
13 години подоцна може да се заклучи дека “далеку стигнал“ затоа што неговото богатство денес се проценува на неверојатни 11,2 милијарди долари, а и имотната картичка претрпела “помали“ измени.

Имено, денес Амбрамович, меѓу останатото, поседува шест луксузни станови во Велика Британија, четири вили во Русија, две во САД и три во Франција, и ултра-луксузен посед на Св.Бартус на Карбите, пренесува Telegraph.
На 22 различни банковни сметки, Абрамович има повеќе од 85 милиони долари и акции во вредност од 30 милиони евра.
Рускиот милјардер исто така поседува цела флота од луксузни јахти, авиони и хеликоптери, меѓу кои се наоѓа и јахтата Eclipse долга 163.5 метри и чија изградба чинела неверојатни 1,2 милијарди долари. Така, Роман може да се пофали дека ја поседува најголемата приватна јахта на светот која со својата цена руши уште еден рекорд, односно е првата јахта на планетата која чинела повеќе од милијарда долари.

Покрај Eclipse, флотата на сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи ја краси и јахата Pelorus (115 метри) и Sussurro (50 метри). Во негова сопственост била и јахтата Le Grand Bleu (104 метри) и Ecstasea (85,95 метри) од која првата ја поклонил на својот пријател и соработник Јуџин Швидлер во 2006. година, додека во 2009. втората ја продал на непознат Американец.

Интересно, Роман “заборавил“ во својата имотна картичка да ги наведе јахтите, авионите и хеликоптерите, но се сетил да го наведе прекрасниот Volkswagen Golf, поради што веднаш се нашол на удар на публиката.
