Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 556314 пати)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3968
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3240 на: 26 Ноември 2025, 18:28:34 pm »
Усје си чади, линданот кај охис коа ке дувне ветер дури на очи пече, вардариште си гори, инџикови ѓупците секоја вечер палат кабли ама битно колите загадувале... Во нормална држава имаш за рециклирање на губре, кај нас у 21 век дрисла го закопува ѓубрето

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3371
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3241 на: 26 Ноември 2025, 18:58:04 pm »
Да појасниме: никој не вели дека автомобилите загадуваат — тие сами по себе не загадуваат. Проблем се старите возила. Ружна е слика кога ќе видиш старо Толедо, Ибица, Голфови, Лади и други кршови постари од 20 години. Тука наидува проблемот, не дека загадуваат. Треба навистина да не разбираш за да мислиш дека автомобил може толку да загадува од ауспух колку филџан. Проблем е тоа старо Вeнто од 25 години што кочи со нозе — никаков изглед и прилика за сообраќај, извозило свое. Убаво е да има нови возила по улиците, а не кршеви. Нема допирна точка со загадување тука — поентата е да има понови возила на улиците и менталниот склоп да се менува
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6070
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3242 на: 26 Ноември 2025, 19:01:10 pm »
Смрдат и колите како не, само најтрагично е шо за еден маслар југо шо смрди или тико со милион км има 25 луксузни мерцедеси, бенвиња итн со еуро 4-5 од фабрика шо чурат х30.
А југовци, тиковци или акцент љунда се бројат веќе на прсти низ сообраќајот, заклучокот сам се изведува кој загадува повеќе низ сообраќај.
А дека смета смета, ракот од индустријата не смрди толку, веќе влезен е во мене неосетно, ама ова низ сообраќај ќине, особено од кога развив летоска инфекција на синуси неможам да опишам кој бол и нелагодност ми сњ дешава во десната ноздра кога ќе го исчури ауспухот некој предмене. Порано немав гајле дури и убаво ми мирисаше чадечи дизел, ама сега паника мњ фаќа ако сум заборавил да го стиснам дугмето за рециркулација пред да тргнам со колата. Морам да се плакнам дома со спрееви после такви гестови на некој пред мене оти ќе ме клука до зад око цела вечер на секое зњмање воздух.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3243 на: 27 Ноември 2025, 09:09:17 am »
Усје си чади, линданот кај охис коа ке дувне ветер дури на очи пече, вардариште си гори, инџикови ѓупците секоја вечер палат кабли ама битно колите загадувале... Во нормална држава имаш за рециклирање на губре, кај нас у 21 век дрисла го закопува ѓубрето

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

На отстранување на линданот се работи веќе година дена, не ги знам деталите, знам дека се одобрени средства и дека се формирани работни групи, се надевам што побрзо ќе се реализира.

Дрисла мислам дека е најдобро да се даде под концесија за 1 денар годишно ама на сериозна компанија што ќе инвестира сериозни пари и опрема.

Цементара и Железара треба да се дислоцираат, државата да ми даде субвенции, бесплатно нова локација и комуналии и да ги ослободи од данок некоја година, за да се согласат.

Не знам дали некој се осмелил да направи студија за Скопје, на што да се даде приоритет, на гасоводна или топлификациона мрежа. Кога до последната куќа во Скопје ќе има приклучок за топлификација, ќе треба да се забрани користење на дрвото за топлење на домовите на територија на Скопје.

А за колите, само технички преглед како што треба да се направи, без замижувања, некој би кажал ригорозен ама уствари да се почитува до последна буква во прописите.
Своерачен потпис ;)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20266
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3244 на: 27 Ноември 2025, 13:13:56 pm »
Парно до секоја куќа е не реален проект. Топлификација не дава задоволителна топлина во секое време.

Гасовод има воопшто некаде во државава за домаќинства? Би ставиле вие кај вас дома со оглед на сите проблеми што може да се случат и опасноста?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6606
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3245 на: 27 Ноември 2025, 13:25:43 pm »
Мислам дека Струмица има делумна гасификација.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 895
  • The best or nothing.
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3246 на: 27 Ноември 2025, 13:53:59 pm »
Гасификација со течен метан. (Lng)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6606
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3247 на: 27 Ноември 2025, 14:01:44 pm »
Имам видено приклучоци, а точно како-што е, не би знаел.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6371
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #3248 на: 28 Ноември 2025, 16:47:31 pm »