Не сум строго лимитиран со буџет, бидејќи ќе стои во фирма обавезно ми е да е лиценциран софтверот така да кога веќе треба да платам за лиценциран софтвер толку пари може да земам и нешто посалам од хардвер.
Многу ме нервираат компјутери што се укочуваат после инсталација на еден смрден антивирус, тропкања на кулер, крчење на хард дискови и други проблеми. Па пошто јас не сакам да имам проблеми со тоа, не сакам да ги има ни тој што ќе работи кај мене.
Извинувања од типот, ми се укочи комјутерот па не стасав да завршам работа се неприфатливи за мене па затоа и сакам да му дадам машина која ќе му брка работа без многу заебанции и ги анулирам извинувањата од тој тип а кои секојдневно ги слушам од други соработници.
Монитор имам веќе еден во канцеларија, Самсунг 21 инч, така да ми треба само солидна конфигурација.
Има ли смсила 8 гб рам или нема, разликата во цена не е голема помеѓу 4 и 8? По некогаш има некои презентации кои се огромни па на други комјутери сум имал проблеми да ги отворам или сум чекал многу долго време додека се отворат, па имајте го и тоа во предвид!