Автор Тема: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)  (Прочитано 6910 пати)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Знам дека неколкумина тркалаат ОЗ бандаши, ултра лесни вака или онака. Како се справувате со дупките низ патиштата? Имало ли некогаш кривење на бандаш од дупка или се нема случено /не се случува такво нешто?
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #1 на: 06 Февруари 2012, 11:27:46 am »
мене до сега не ми се случило со 16ката моја, ама на мажот на братучедками (незнам како одеа овие фамилијарниве имиња зет мет итн) на Фокус СТ со него од Анлија беше тука дојден, на скопска дупка му пукна гума и бандажот го искриви колку возеше во моментот не ми кажа најискрено :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #2 на: 06 Февруари 2012, 11:28:15 am »
Притисокот на гумите ако е соодветен и се вози пристојно нема да има проблем. Еден дечко возеше ОЗ на Рено Кангу, така да нема да има проблем. Иако е зависно и од димензијата.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #3 на: 06 Февруари 2012, 11:31:11 am »
Со 18ките на инсигниата пред два месеци удрив во една голема дупка, готово со татко ми мислевме отидени се двете десни гуми и двата бандажи. Чиста среќа ништо немаше оштетено, освен црни траги на фелните од гумата, кој удар било тоа само, едвај не се чистеше трагата од гумите на фелните.  Брзина 50-60

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #4 на: 06 Февруари 2012, 11:32:04 am »
Бидејќи гледам за пунтото мое, станува збор и за мн малку гума (205/45/17) затоа и прашувам. Притисок секогаш возам по спецификација или блиску до него :)


Со фабричките немам мака, но тежат колку бут од мамут, како и сите фабрички бандаши на денешно време.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #5 на: 06 Февруари 2012, 11:33:43 am »
До сеа сум поткачил неколку дупки (фала Богу, со не многу голема брзина) и немам забележано некакви искривувања (фала Богу и за тоа :)).

Имам OZ Ultraleggera 17x8.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #6 на: 06 Февруари 2012, 11:39:18 am »
Јас имам SSW Quest



После година дена возење и качување по Плачковица тркалата беа перфектно балансирани и немаше никакви искривувања, освен една ламеличка од мишелинките откорната.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #7 на: 06 Февруари 2012, 11:41:44 am »
Бидејќи гледам за пунтото мое, станува збор и за мн малку гума (205/45/17) затоа и прашувам. Притисок секогаш возам по спецификација или блиску до него :)


Со фабричките немам мака, но тежат колку бут од мамут, како и сите фабрички бандаши на денешно време.
Рачунај фабричките на фиестата ми се 195/50, така да висината е таа. Не се секирај за бандажот, се додека притиоскот е над 2.3. И ПЛУС треба да земеш гуми што се се вдлабнатина за заштита на бандажот. Новито мои се такви, така да немаш гајле ни од гребење ни од удар (во рамки на нормала).
Ич да не се секираш ти е не се многу ниски, само мора да го проверуваш притиоскот, зошто и мал пад може да ја спушти гумата. Еднаш во месецот кога пуниш бензин ако ти текне, е мислам повеќе од доволно. :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #8 на: 06 Февруари 2012, 11:51:34 am »
Јас возам ултралесни (полесни од ОZ) 16ки на Интеграта, 205/45-16 димензија на гуми и до сега сум немал проблем.

Возев 18ки OZ 35th Anniversary со гуми 225/40-18 на друга кола. Два или три бандажи носев на исправање, гума ми се издиша од што се искриви бандажот, а удрив со 40 али во кратер :)

Овие сега што ги возам се сосема друга технологија, друг начин на изработка, друга цена, па не се мерило дали OZ или некои слични се добри или не за нашиве дупки.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #9 на: 06 Февруари 2012, 14:24:47 pm »
Пескара 18", и треба екстремно пазење иако се тешки 12kg...

Секогаш кога ке се вратам во Македонија, едно 3-4 дена се развозувам низ град, и ги запознавам улиците, од кај да знам на која будала и текнало да прекопа улица за да поврзе кабел и ја оставил таква?
Со 40-ка висина, ако удриш некоја со 70-80 не му се пишува добро на бандажот ...

Сепак се зависи од квалитетот на инфраструктурата каде најчесто ке ги возиш гумите ....

Гледав пред некој ден, ултра лесни BBS Black edition, ама и ја како тебе се мислам ...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #10 на: 06 Февруари 2012, 14:40:56 pm »
Ако се ултра лесни не значи и дека се послаби од потешките бандажи ;)

Ако се forged бандажите, тие се поцврсти од обичните cast потешки бандажи.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #11 на: 06 Февруари 2012, 16:39:13 pm »
Тежината не мора да значи ништо во издржливоста на бандажот се зависи од квалитетот на матерјалот кој е направен.Дека тежината не е мерило можеш да видиж преку карбонот,најлесен матерјал за користење,а може да издржи многу повеќе одколку некои метали.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #12 на: 06 Февруари 2012, 16:44:22 pm »
Кај мене гумите никогаш не се под 2.5 така да никогаш до бандаж недошло ништо, не знам колку тоа има врска што се оз. А и уште е рано, недај боже ќе се деси нешто, никад не се знае.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #13 на: 06 Февруари 2012, 16:45:01 pm »
Кај мене гумите никогаш не се под 2.5 така да никогаш до бандаж недошло ништо, не знам колку тоа има врска што се оз. А и уште е рано, недај боже ќе се деси нешто, никад не се знае.
Правилно ги користиш.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ултра лесни бандаши и нашите дупки (патишта)
« Одговори #14 на: 06 Февруари 2012, 16:45:44 pm »
По твој совет ;)