црвениот е многу лигав плус некако шљакаво ми делува,овој е некако погуст и брзо засушува а и покултурен е со бојата,сигурно го имаш користено според тебе кој е подобар обичен црвен или овој
И двата бркаат работа.Црвениот го користам, зошто тука се троши на ангро и е поевтин, шо не значи дека не е добар.Сега што делува лигаво, вероватно се работи за вкус ..
Дргиот го користат во фабриките за коли, зошто побрзо суши, таму нема многу време за чекање.Како црвениот постои и црн за високи температури, кој не изгледа така комунистички
како црвениот, ама одамна не можам да го најдам.Без разлика, кога употребувам силикон било кој, оставам барем еден сат да се исуши, да фати кора на горниот слој, потоа сипам течности...и пуштам било шо во работа...Црвениот се покажува добар кај вода, антифриз, малку е поосетлив на масло, доколку не засуши добро.Сивиот е ок во секој поглед...Меѓутоа , доколку треба повторно да се вади, тоа што веќе било намачкано со силикон, сивиот многу потешко се отстранува...