Рајко е страшно возаџиште, како извозе по последниот пит стоп, со само 2 круга понови гуми од 20 и кусур секунди дојде на помалце од една секунда до Алонсо. Читав за Лотус дека се презадоволни како се одвиваат досега работите, со тоа што не го искорситле целиот период на такозваното зимско тестирање. Кими е многу блиску до победа, сигурен сум дека во најмала рака сезоната ќе ја заврши со минимум една победа и тоа на Спа, не му бега таа трка, коњак му е. Многу ме изненади Малдонадо од кој што очекував да издржи во топ 3 најмногу до првиот пит стоп, ама ете покажа дека има спосбност и добар болид за победа. На наредната трка во Монако мислам дека победата ќе ја однесе Мекларен или Ред Бул, иако не сакам, особено овие вториве.