Хамилтон си отиде бидејќи како што и самиот кажа му требаше нов предизвик.Од почетокот на неговата кариера е во Мекларен уште од времето кога возеше картинг и едноставно се презасити цело време на исто место со исти луѓе без разлика колку беа успешни.Целава ситуација најдобро ја опиша Кулхард кој кажа дека време е Хамилтон да порасне,да ги напушти своите родители и да стане маж

.Друга работа е што Мерцедес му понудија многу поголема слобода во личните спонзорски договори и можноста да ги задржи трофеите од трките нешто што не е случај во Мекларен.Доаѓа во екипа каде што се желни за победа и титули и ќе направат се за да стигнат до тоа,а тој може да биде во центарот на целиот развој на болидот нешто што го изјави и самиот Рос Браун.Има најави дека Мерцедес имаат спремно многу добар мотор за 2014 кога стапуваат на сила новите правила но до тоа може и нема да дојде бидејќи Берни и многу други се разочарани од звукот и се плашат дека ќе се изгуби публиката.Останува на Тод дали ќе ја одложи одлуката или ќе остане на неа.
Според мене правилен потег бидејќи секогаш е подобро да пробаш одколку цело време да се прашуваш како би било ако си пробал.Останува времето да покаже кој е во право
