Некој Dell од S сериите со IPS матрица, рачунај на уште 3к (за 24ка) ама ќе вреди за сите пари. Ги имаат во Анхоч.
Ако баш не можеш да идеш на повеќе од 8к, барај некој LG 22ка со IPS матрица (мислам во Сет имаше).
За тие пари нема да можеш да бираш многу ама гледај осветлувањето да не е регулирано со PWM (може да има фликер на прикази со потемни сцени).
За Dell S2415H сигурно знам дека нема PWM, и е генерално добар глоси монитор со срча слика ама и со релативно нагласен IPS glow (на потемни сцени). Од аспект на цена перформанси S2415H го сметам за бест бај, а компромиси секогаш мора да има (освен за 3пати+ повеќе пари). Се разбира глоси монитор не е за секоја просторија.
едит: За нешто помалку пари имаше Dell S со мат екран, ама и со PWM.