Накратко,
Јас работам на една апликација за Data Mining and Analysis, кадешто дневно влегуваат во просек од три-четири милиони најразлични редови информации. Па да си работам на мали проектчиња и идеи во слободно време.
Тој работи за компанија која прават финансиски софтвер за менаџирање портфолија од инвестиции и берза. И кај него се слеваат најразлични информации на дневна база. Па да покопаме малце низ нив.
Е сега, пошто сме далеку, идејата е секој да има пристап до машината на другиот, било за работење, за чепкање, анализа, користење мали програмки, апликации, своерачно напишани сервиси, итн.
Од друга страна, јас и он имаме распрчкано на најразлични дискови, слики, домашни видеа, најразлични документи, поранешна работа... абе дигитални отпечатоци и спомени од последните 12-3 години на најразлични носачи на податоци. Е целото тоа треба да се стави во т.н “домашен облак“ достапен на двете страни. Пошто кај мене има повеќе место, најверојатно кај мене ќе биде централниот hub.
Малце е overkill, ама во наредните четири-пет години најверојатно нема да се инвестира во техника.
