Јас од кога сум роден памтам дека дома имаше компјутери. Првиот лично мој компјутер го наследив од татко ми во 1989, Commodore 64 со дискетна единица 1541 (single side, double density) и штампач Commodore C801.
Потоа во 1991 од татка го наследив првиот персоналец кој во тогашно време, иако стар, беше невидена машина, IBM PC 80386 16MHz со неверојатни за тоа време 4MB RAM и HGA графичка и монитор. По година или две наследив 80486, и така натаму до денес незнам колку компјутери сум псоедувал.