Народна Техника, убави спомени. Они се иницијалната каписла за почетокот на моето интересирање за компјутери. Многу работи водеа до тоа што сум денес, ама се почна со денот кога интересен пар ликови, девојка и дечко, дојдоа во моето училиште да не поканат на курсови во Народна Техника. Првото укуцавање код од Ei Računari , и безнадежно бев уловен (листинг од игрица, нормално). Пар години штедење, и го имав првиот компјутер - едниот и единствен C64.
Интересно е како случајностите ни го определуваат животот...
Флешбек:

П.С. За разлика од Миле, Комодорето го мењав само со компјутери кои што вредеа да се имаат

- како Амига (500ка, па 1200ка). После директно на Пентиум, и тоа на една од првите асусови плочи кои овозможуваа оверлок, па од иницијални 100MHz го клокав некаде на 112MHz. Следниот беше шверцан целеронА кој од 300MHz се клокаше на 450MHz, на Абит плоча (на времето кога Абит беа закон).
Потоа искрено не се ни сеќавам јасно, некоја пентиум тројка имав кратко, па се пребацив на АМД пар генерации, прво сокетА со АтлонХП кој беше уште еден одличен оверклокер и тоа на ќумур Елит плоча на која оверклокав со спајање џампери на процесорот, прво со графит од молив, а потоа со лемење лицни (ме научи еден колега, мајстор лемач). После некој сокет939 и не се сеќавам точно кој Атлон, ама исто се клокаше фино.
Толку беше од АМД, одтогаш сум назад на Интел (пар Core2, и сега 2500К). Штета за АМД, нема озбилен конкурентски процесор на Интел, уште од времето на Core2.