Провери ја меморијата со memtest86+
Знаев дека ова некој ќе го пиши, и без навреда само сакам да кажам, да се изјаснам дека оваа е најглупата програма некогаш измислена.
Никогаш не сум ја користел, ама кај читав каде ги оставале по неколку сати или цел ден ова чудо да врти за на крајот да ми кажи дали чини рамот или не.
Иначе
проблемот е решен, еве што направив:
Зедов од друг компјутер извадив една плочка DDR400 и ја ставив (пошто јас не работам со мемтест
), проблемот ист. Не е до рамот.
После, зедов друг хард со не знам што имаше на него, ама пак и кај него сетапот ми заглавуваше на истото место. Не е до хардо.
А многу лошо е кога немаш во биосот информации за температурата на процесорот или слично. Мислам WTF.
И на крајот во биосот Disable на се манав, Аудио, Лан, УСБ, АПМ итн. и оп се пуште. Брејј...
После неколку рестартовања го најдовме проблемот во USB 2.0 Host controller-от. Toj Disable а USB Legacy на Enable, а обратно не работи, е сега со килобајти ќе тера уезбето ама ќе тера...
И така завршија моите 3 дневни психички маки. Сладолед ќе си купам сега.