Почитувани форумџии,
Имам другарче на кое пред бајаги години му спастрив едно компјутерче со G31, Celeron 430 i 1Gb RAM.
На времето не беше лошо машинчето но времето го изгази.
Финтата е што другарчево (наша генерација уствари) боледува од одредена болест и ја изгуби работоспособноста и способноста да печали пари за нормален живот. Компјутерот му треба за интернет комуникации кои му помагаат во онака тешкиот живот со неизлечива болест.
Јас сега сум на мисија да му го застанам компјутерчето на нозе. Од мене има поклон уште 2Gb RAM но ми недостасува LGA775 дуал кор процесор. Celeron 430 нема шанси да се носи со Windows 7 + Youtube и слично.
Затоа замолувам некој што има било каков дуал кор дома што не му треба или не му е соодветно јутилизиран, да го поклони, продаде за симболична сума или замени со постоечкиот Celeron 430 и ќе добие благодарност од мене и другарчето.... барем до следната надградба (само нека е жив).
Благодарност до сите.