Да изработат нешто па некој да им го пиратизира наместо да им го плати трудот ќе пеат друга песна. Настрана политиката на компанијата. Сте платиле некогаш за софтвер, макар и 50ден? А сте работеле за џабе па не ви платиле? Епа тоа е тоа.
+1 но секако, софтверите кои пласираат милиони лиценци секоја година на пазарот и се борат со тешка конкуренција, водат некоја политика на рамнотежа помеѓу продадени лиценци и испиратени инсталации. Од една страна им одговара да продаваат лиценци и да инкасираат пари, а од друга страна им одговара да има широка употреба на софтверот и голем маркет шер, дури и по цена на одреден процент на пиратерија.
Така да, јас до некаде се сложувам со тоа лиценците за лична индивидуална употреба да се бесплатни или пак многу ефтини, а лиценците за профитни организации да си се наплаќаат по редовни цени.