Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1103116 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33926
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7260 на: 19 Мај 2015, 21:23:40 pm »
Za maticnata samo Asus. Ne deka Gigabyte e los, ama sporedbata e kako Audi i Skoda.


Со години се трудам да ја најдам онаа скриена и мистична предност ан Асус во споредба со други брендови во некоја нормална секодневна класа на плочи. И не само што не можам да најдам туку кога ќе видам некоја плоча Асус со избор на некои си компоненти на нејзе од некој подрум во Кина извадени се повеќе и повеќе нејќам Асус.

Му устребала некому Асус плоча од 500 евра.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7261 на: 19 Мај 2015, 22:08:04 pm »
Во светот на мерење ку*ови и тоа како е битно кој повеќе платил  ;D или вицот за руските милијардери - што фина кошула, колку ја зема, 600 долари онде, еее па ти си можел за 800 малку подалеку да ја земеш  ;D

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7262 на: 19 Мај 2015, 23:53:02 pm »
Проблем ли е да се клокне повисоко, ако има простор... :D :D Кешки да има! :)
Проблем е само ако се погоди процесорот да е лош оверклокер, има доста примери на хасвел процесори кој мака мачат да дојдат до 4.2Ghz.

Инаку и јас би му препорачал Asus полча поточно Sabertooth Z97 Mark II. Не сум ги гледал сега брзо цените но не би требало да е поскапа повеќе од 2500 денари од гигабајтот но според мене си вреди разликата.

Прва работа која ќе ја спомнам е супериорната контрола на вентилаторите која новите асус плочи ја имаат, нели џабе квалитетно ладење и тивки вентилатори ако плочата нема можност за асална контрола врз нив, и уште една битна работа за мене тоа е гаранцијата од 5 години.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7263 на: 20 Мај 2015, 02:23:49 am »
Za maticnata samo Asus. Ne deka Gigabyte e los, ama sporedbata e kako Audi i Skoda.

Никогаш не разбрав како се гледа разликата меѓу „Ауди“ и „Шкода“ матична плоча.

За процесор - разбирам - побрз бла бла

Графичка исто.

Диск? Брзина, капацитеит бла бла

Напајање, снага, тивкоќа ово оно

ама плоча?

Ај сеа да објасните!
Најпросто, прво е самиот дизајн на матичната кој кај Асус во просек секогаш е најдобар без конкуренција. Тоа значи дека сите твикери и оверклокери постигнуваат најдобри оверклокерски и твикерски резултати со Асус матични плочи кои имаат ист хардвер и електроника како конкуренција. Второ се самите компонентите кои се вградуваат. Асус речиси секогаш има нешто повеќе од конкуренција. Трето и најбитно се фирмверите каде Гигабајт, МСИ и сите останати кои важат за квалитетни брендови се мали и недораснати деца во однос на Асус. На пример кога ќе фукнеш нестабилни сетинзи на Гигабајт матична плоча мора да ресетираш биос со џампер/батерија и потоа одново да ги местиш сите можни сетинзи доколку не си снимил профил и слично. Кај Асус после 3 неуспешни рестарти матичната се враќа во ласт кноун конфигурејшн при која матичната бутирала. Понатаму опциите за оверклок и твикинг се далеку побројни и поприлагодливи кај Асус матичните плочи, статистички. Уште понатаму екипата за правење фирмвери им е поголема отколку на Гигабајт, МСИ и осанато заедно. Секогаш вадат многу повеќе верзии на фирмвери со оптимизации во однос на останатите.

СО други зборови за обичен корисник кој ништо не разбира и Шкода и Ауди ќе му овозможи слично искуство. Но за малку некој кој разбира, Шкода е Шкода и нема простор за споредба со Ауди. Кај матичните за разлика од колите, разликата во цена е незначителна.

Чекај малце, what? Што е лошо во 4690к на 4.2Гхз со апсолутна тишина или 4.5Гхз зимно време. :)
Лошо е што е клокнат и што троши и грее исто или повеќе од 4790 не клокнат, а има драстично помали перформанси. 4790 на сток е за 35–40% побрз во просек од 4690К клокнат на 4.2GHz.

Воедно сток кулерот на интел е исклучително тивок.

Што се однесува за цената, за исти пари секогаш ќе купиш подобра Асус матична отколку Гигабајт. Бар моето искуство од изминативе 20 години го вели тоа, период за кој си имам сериозно изиграно со бар 50 матични плочи.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54825
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7264 на: 20 Мај 2015, 09:29:08 am »
Јас знам дека имаш искуство и ти верувам. Но стварно ова со 4790 вс 4690 некако не ми делува како озбилно да го кажуваш.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7265 на: 20 Мај 2015, 10:24:08 am »
Гојдо, фала на објаснувањето. Кога некој убаво ќе напише и ќе даде директен одговор на директно прашање - на човек да му е ќеф да чита.

Со тоа што, би забележал дека разликата меѓу современите Шкоди и Аудија не е доволно голема за да ги искористиш како пример. Но, за тоа во друга тема...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7266 на: 20 Мај 2015, 12:38:30 pm »
Јас знам дека имаш искуство и ти верувам. Но стварно ова со 4790 вс 4690 некако не ми делува како озбилно да го кажуваш.
@Deni

Во право си. Не ми е добра математиката. Малку на малу поќе пијано го пишав, па не ги изразив добро запиените мисли. Прво помешав дека 4790 има турбо на 4.4GHz како 4790K што не е точно, 4790 има на 4GHz. А второ кога реков во просек, мислев на апликации кои користат 8 тридови, бидејќи хајпер тридинг на Хасвел дава околу 35% подобри резултати во просек во апликациите кои имаат оптимизиран код за користење на многу тридови. За жал такви се малку апликации, но нивниот број се зголемува. Сепак, ресурсите кои нема да се искористат сотјат на располагање на други процеси во позадина.

Сепак, NH-D15 е апсурд да се спомнува во мубает ако во муабетот не е спомнат 4790K, 5820K, 5830K...Па ако е веќе за незнам каква тишина, NH-D15 во сценарио на 4690K клокнат на 4.2GHz нема да понуди ама ништо повеќе од NH-D14 и други помалу кулери од Noctua.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7267 на: 20 Мај 2015, 14:08:05 pm »
Koj е најбољи процесор за постари игри кои користат само едно јадро?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54825
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7268 на: 20 Мај 2015, 14:14:03 pm »
^^4690К или 4790к клокнат највисоко што може.

Јас знам дека имаш искуство и ти верувам. Но стварно ова со 4790 вс 4690 некако не ми делува како озбилно да го кажуваш.
@Deni
Во право си. Не ми е добра математиката. Малку на малу поќе пијано го пишав, па не ги изразив добро запиените мисли. Прво помешав дека 4790 има турбо на 4.4GHz како 4790K што не е точно, 4790 има на 4GHz. А второ кога реков во просек, мислев на апликации кои користат 8 тридови, бидејќи хајпер тридинг на Хасвел дава околу 35% подобри резултати во просек во апликациите кои имаат оптимизиран код за користење на многу тридови. За жал такви се малку апликации, но нивниот број се зголемува. Сепак, ресурсите кои нема да се искористат сотјат на располагање на други процеси во позадина.
Сепак, NH-D15 е апсурд да се спомнува во мубает ако во муабетот не е спомнат 4790K, 5820K, 5830K...Па ако е веќе за незнам каква тишина, NH-D15 во сценарио на 4690K клокнат на 4.2GHz нема да понуди ама ништо повеќе од NH-D14 и други помалу кулери од Noctua.
Се сложувам. Меракот за д15 е голем.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20071

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54825
  • Махер

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20071
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7271 на: 20 Мај 2015, 14:22:28 pm »
Да ама на овој можеш и да се грееш во зима, го може тоа Интелот?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20609
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7272 на: 20 Мај 2015, 16:11:52 pm »
На писито редовно имам проблем со паѓање на конекција. Едно време беше до рутерот, пошо беше тиња, дојдоа од Телеком и го сменија.
Арно ама, сеуште ми остана проблемот на писито. Ќе му текне, од чиста мира, ќе изгуби конекција, ќе почне да врти доле „тркалцето“ и џабе. Треба или физички да го отштекам УСБ адаптерот, или со Траблшутинг да му прави ресетирање. Нидлес ту сеј, и едното и другото одат на нерви, особено пошто ми е битна добра и стабилна интернет конекција.

Пробав со ТП-Линк со антена и со АСУС адаптери, со двата е истиот случај. ТП-Линкот има посилен сигнал поради антенчето.

Идеи, мислења, па можда и чаре некое?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7273 на: 20 Мај 2015, 16:31:32 pm »
Гајтан, штом се работи за PC.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54825
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #7274 на: 20 Мај 2015, 16:38:55 pm »
Или про грејд опрема.