Дечки, ајде помош.
Сабајле ко и обично по гаќи уз кафе го палам компјутерот, се покажува биос екранот, ама после секунда-две пуф! црн екран. Го „гледам“ компјутерот дека се крева (светка дискот), ама екранот црн. После некое време се појавува логин екранот (значи се сменил графички режим) ама и тој се губи после секунда-две, пак црн екран. На слепо куцам пасворд, виндовс очигледно се крева (светка дискот, ме поздравува она звукчето за добредојде итн...) но екранот е црн.
Ресет. Пак исто. Биос екран на кратко - црно - логин екран на кратко - црно.
Гасам компјутер, го оставам некое време угасен, го палам. Пак исто.
Морав да идам на работа па немав време да пробам со мониторот на син ми дали ќе се случува истото.
Мене ми делува ко да е отидено нешто у мониторот, некој напонски стејџ. Вам како ви се чини? Имал некој слично искуство?