Најубаво е да се направи домашната од дома и да се види што нудат по продавниците првин на интернет.
Оти еве сега гледам во амц, а како му е на вебот така и на тие ливчињата пред латоп сигурно е,
грешни информации ставаат, или пак таков му е маркетингот стратешки.
Тие N2*** процесорите му се пишани како Пентиум, а уствари се Целерон. N3*** се Пентиум.
Можно е, да не проверувам низ сите, да има на N28** Quad Core реклама, а уствари тој е двојадрен.
N29** се четиријадрени.
Друго сите овие процесори се наменети за подолго батеријата да трае, и трошат 7.5W. Штедлив i3 со U ознака троши 15-17W макс.
Според мене, од N28** да се бега од нив како од ѓаол, оти и 1MB L2 кеш имаат, ништо нема да задоволи,
а четиријадрен N29** со 2MB L2, колку толку ќе брка работа.