Во принцип, Windows се запишува првенствено на првите сектори на хард дискот. Тоа е така предвидено со стандард. Ако него податоците му се наоѓаат на некоја втора партиција, ако се запишувани додека дискот бил празен помалку од пола, тогаш реално има добри шанси да извади нешто од податоците, ама може да се случи и тоа Ван што вика.
Колкав е дискот? Колку бил полн пред форматирањето? Дали имал една или две партиции пред форматирањето? Дали има една или две партиции сега по форматирањето? Дали се вршени нови записи освен инсталацијата на Windows после форматирањето?
Ако се работи за SSD тогаш шансите за истото се теоретски минимални, а практично непостоечки.