Абе убаво решение е тоа, ама е overkill во 90% од случаевите, т.е. ете тебе ти треба за да хостираш нешто и да имаш добри wan-to-lan перформанси, ама воглавно на повеќето им треба само поскап рутер, во рангот од 50-100 евра се наоѓаат одлични рутерчиња за домашна употреба. За обичен корисник кој има потреба само да сурфа од 3 уреди по дома, нема потреба да троши 200 вати струја и да му стои голема кутија со цело пеце внатре, поедноставно и поелегантно решение е рутер кој ке биде тивок, ке троши 5 вати и ке зафака простор колку три кутии цигари. Секое решение треба да биде прилагодено кон потребите. А што се однесува до муабетот со рестартирање на рутер и памтењето на конекциите во /proc/ip_contract, да, се дешава да се исполни меморијата која мислам дека по дифолт е на 4096 конекции, а кај послабите рутери и на 2048, ама пак, секако дека кога купуваш рутер треба да го планираш спрема потребите, ако знаеш дека ке имаш 10 клиенти закачени на него, неможеш да очекуваш дека рутер од 790 денари е доволен, а решението со ребоот е квази-решение, едноставно ако имаш потреба, купи поскап рутер со повеќе меморија автомаЦки може да памти повеќе конекции.
П.С. Екстремно морам да ги пофалам аксес поинтите од Ubiquiti, феноменални перформанси, така да ако некој си прави кастм решение нека ги земе в предвид.