Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.
Не мора да значи, зависи од играта.
Се разбира дека зависи од софтверот. Дали и колку, и што, се употребува од достапниот хардвер.
Но ако може да се донесе некаков заклучок, тоа е дека game developer-ите многу споро ги прифаќаат новостите, посебно кога се работи за друг хардвер освен графичките карти. На пример, колку игри активно ги употребуваат сите достапни процесорски јадра?
Можаби малку ми се застарени информацииве, пошто некое време не ги следам работиве активно. Ама не верувам дека работите се драстично сменети.
Новиот Battlefield е CPU intensive?