Да ве прашам.
Мојата конфигурација на компјутерот е следна:
Процесор i3 2120 3.3 Ghz
Рам 8 Gb DDR3 1333 Mhz
Графичка Nvidia GeForce 630GT 2Gb DDR3.
Oперативен систем Windows 7 64 bit.
Е сега прашањето што ми е. Ке ја земам играта Battlefielf 4 како пример. Оваа игра на мојава конфигурација на low сетинзи ја играв ок, не сецкаше и слично освен во гужви кога се заприметуваше одредено успорување, али не многу.
На медиум сетинзи веке сецкаше, а на high веке и невозможно да се игра, играчот иде, ама ептем тешко.
Е сега, пример, за да добијам на перформанси, односно да можам да ја играм на high сетинзи, што би требало да појачам од конфигурацијава моја ?
Конкретно со Јанош од рејс центар зборев, он ми вика дека само со промена на појак процесор од овој што сега го имам, ке осетам драстични промени и дека графичката што ја имам и да ја оставам и понатаму, не игра толку улога колку процесорот на windows 7.
Иначе еве ми ги оцените на мојот компјутер:
