Зошто би сакал да земам цела конфигурација од една фирма, ако добивам подобра гаранција кога зимам компоненти одделно.
Финтата со лепенките има поента се додека е услов за бесплатно чистење и сервис, но не гледам логика во условувањето на гаранцијата. Како ќе знаат дали компјутерот е чистен редовно, ако некој земал само матична од кај нив и кога цркнала го исчистил пред да го донесе на сервис за замена со гаранција. И на крај пак ќе му ја заменат матичната и зависи од фирмата можно е и да не ти наплатат за сервисот.