По незнам кој пат влегуваш во дискусија без да имаш бар елементарни знаења и познавања. Со лупање глупости на памет само се брукаш себе, фирмата каде работиш и фамилијата. Стварно не разбирам кој ќар имаш од тоа, ама голем си, ти си знаеш.
Џабе ти е 4.7 ghz Cpu кога комуникацијата со меморијата во споредба со Xeonot е бедна. А за Рендирање, Cad, 3D тоа е најбитното.
Точно е дека LGA2011 нуди дупло повеќе мемориски проток, меѓутоа не е точно дека меморискиот проток е битен, а уште помалку клучен за перформансите. Најоптоварени при рендерирањето се егзекутирачките единици на јадрата од процесорите. Ќе предложев да правиме тестови(јас на мојава Asus MVG Z77 + 3770K @4.7GHz + DDR3 @2133), ама за таа работа ти си п*зда и ќе избегаваш дуел.
Quadro 600 секогаш ќе даде подобри резултати од ево рецимо 650GTX за Рендирање, Cad, 3D затоа што тоа и е намената и така се сетирани драјверите.
Ахаха, каков добар виц.
Да се надоврзам на Lazarus (кој е архитект и воедно се занимава со конкретната проблематика, а дизајн и рендерирање му е секојдневна активност)
650GTX: GPU 384SP @ 1058MHz, 80GB/s VRAM bandwidth vs Quadro 600 GPU 96SP @ 640MHz, 25.6GB/s
Односно 650GTX има 6.6 пати поголема процесирачка моќ и 3.13 пати повеќе мемориски проток. Во пракса GTX650 ќе има помеѓу 3.13 и 6.6 пати поголеми перформанси од Quadro 600, а тоа во IT жаргон би се рекло дека GTX650 брутално ја прегазува Quadro 600.
Инаку цените на серверските компоненти се минимум дупло поскапи и повеќе од комерцијалните.
Така е. Серверските компоненти се дупло поскапи од обичните десктоп компоненти, но горе-долу се тука негде со high-end workstation/desktop. Компонентите кои јас ги имам предложено се high-end, а матичната која ја предлагам е изработена поквалитетно со поквалитетни материјали од 90% серверски матични плочи.
Ко за пример, серверска 8G/1600 е околу 10 000 денари.
Не е толку, ама за користење на 32GB е сеедно дали е registered ECC или не е. Ќе имаше смисла серверската конфигурација ако имавте турено 128GB што е неможно со нерегистриран DDR3.
Пиши колку кошта таа конфигурација, па јас ќе ти кажам што можам да склопам за тие пари...