Има причина, затоа што прават убав проток на воздух низ куќиштето само во погрешен правец.
Јас не би размислувал (а е и нелогично) да ставам таков кулер доколку не оверклокувам.
Доколку оверклокувам ми треба кулер кој ќе дува под прав агол на матичната плоча и ќе ги лади компонентите што најмногу страдаат а тоа се компонентите окулу напојувањето на процесорот. Сакам да имам подобро ладење таму отколку на процесорот. И овие tower кулери не се лоши што дуваат паралелно со плочата, но овие другиве се сериозно подобри.
Тоа дека дуваат на сите страни а не надвор од куќиштето е слаб аргумент, бидејќи секако издувниот кулер/и како и оној на напојувањето си вршат одлична работа да го диктираат протокот на воздух кој го анулира ваквиот негативен ефект. Така да, тоа е тоа што би рекол јас, во овој момент


vs
