http://extreme.outervision.com/PSUEngineовде можеш да си пресметаш колку отприлика ќе ти треба, јас си правев калкулации и ти испадна
минимум 274 вати
препорачано 324 вати
е сеа, ова НЕ значи дека било кое напојување што пишува 500 вати ќе врши работа. Целата поента е колку Ампери може да дава на 12 волти. Бидејќи скоро сите делови во ПЦ работат на 12 волти струја, таа е пресудувачка за дали едно напојување ќе ти брка работа или не.
Да не верглам, сликата што ја има постирано Куоре значи дека тоа напојување може да даде најмногу 27 Амтери на 12 волти, што во превод би значело 324 вати (27х12=324). ОВА Е НАЈВАЖНАТА РАБОТА кај едно напојување.
Е сеа прашање е дали тоа напојување е на рамниште од декларираното. Некој може да те прави луд дека напојување од 600 ден ќе ти брка работа, ама ако имаш доволно логика, земи на рака да видиш колку тежи едно напојување од 600 ден, и колку некое од 3000 ден и ќе ти стане се јасно.
Друга работа е тоа што напојување се купува долгорочно, значи не со секоја конфигурација. Затоа е важно во процесот на купување на напојување, да обрнеш внимание и на каблите , односно дали има дополнителен 4+4 излез за процесорот, и 6+2 за графичката.