Нема големо влијание каде ти е ставен ладилникот т.е. дали е усис или издув, ама влијае кај тебе што нема вентилатор за издув. Друг проблем е што ти е наопаку од што треба loop-от. Треба цевките од доле да ти се.
Видеа подоле да не мислите зборувам глупости.
Да, знам дека нема влијание како е ставен кај AIO уредите.
Имав едит во постот, нареден месец ке купам 2 вентилатори за издув, еден ке оди горе еден назад. Само не сакам обични (обични имам со куќиштето црни) туку ке земам бели ARGB.

За другиот "проблем" знам дека е најдобро цевките да бидат позиционирани доле, но тоа ке пробам дали ке може да се изведе кога ке местам графичка. Инаку, не е проблем тоа, се додека пумпата се наоѓа на пониско ниво од лупот. Ако е обратно тогаш настанува проблем, меурчиња, зуење и сл.
Баш вчера пуштив ETS2 на 10/15 мин, CPU не качи повеќе од 42C. Што значи засега(без графичка) сум добар со температури.

уф, не сум мн по хардверов ама дали воденово ладење се состои од црева и хладњак?
Ако имаш време, ѕирни го видеото од Стив, има снимано во фабрика како што прават се.
Инаку да, направено е од блок за вода, радијатор, цевки, пумпа...