Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1667517 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10005 на: 26 Февруари 2018, 11:22:03 am »
Знам дека сум малце досаден со лаптопиве, али тоа е... Мислам дека најдов некоја комбинација добра од интел 8ма генерација процесор, ССД Хард (кој е мал но тоа е) и обичен хард како и Фул ХД Екран. Некое мислење од ИТ Експертиве ?

https://www.amc.com.mk/DELL-NB-Inspiron-5570-Silver-156-Full-HD-i5-8250U-8GB-DDR4128GB-SSD-1TB-HDDRadeon-530-4GBDVDRW-3Y-SAID1343

И овој досега највеќе ми се допадна, штета што не е 8ма генерација процесорот...

https://www.amc.com.mk/ACER-A715-71G-52JU-156-FullHD-i5-7300HQ8GB256GBSSDTB-HDDGTX1050-2GB-NXGP8EX032

Dell-от.
Ацерот е многу досаден дизајн, на него се познаваат многу отисоци.
Тебе за твоите потреби 7ма / 8ма генерација не ти игра никаква улога. Ама сепак Делл-от.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4239
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10006 на: 26 Февруари 2018, 14:11:20 pm »
Фала Миле,

Знам дека не игра никаква улога, сепак ќе ме јаде ежот ако знам дека има 8ма генерација процесор достапна а јас да земам постара. Веројатно и нешто поекономична е 8-мава генерација па батеријата вајда трае подолго.

Ги отепав лаптопиве од гледање, до сега Делов највеќе ме фана за око. Сакам поголемо ССД само, за тоа треба да прашам дали може да доплатам ама не верувам дека ќе биде нешто.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10007 на: 26 Февруари 2018, 14:15:42 pm »
Фала Миле,

Знам дека не игра никаква улога, сепак ќе ме јаде ежот ако знам дека има 8ма генерација процесор достапна а јас да земам постара. Веројатно и нешто поекономична е 8-мава генерација па батеријата вајда трае подолго.

Ги отепав лаптопиве од гледање, до сега Делов највеќе ме фана за око. Сакам поголемо ССД само, за тоа треба да прашам дали може да доплатам ама не верувам дека ќе биде нешто.

Можеш да купиш 500Гб понатаму па да го замениш. 250-ката лесно ќе ја продадеш.
Иначе 8-ма генерација нема да троши нешто значајно помалце, пошто е 4 јадра 8 треда. 7-ма генерација беше 2 јадра 4 треда, така да ќе си повлеквит ако се оптеретит :)

Зимај го тој Инспирон, треба да е добар. Претходната генерација беше ѓубре и многу беше критикуван, така да резултатот е новава генерација треба да е бајаги подобра, не сум го пробал сеуште.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10008 на: 26 Февруари 2018, 14:56:33 pm »
7 е HQ, а осмата е U.

Кај е побрз 8мицата, па и доста помалце троши.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34539
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10009 на: 26 Февруари 2018, 15:29:04 pm »
aaa, jas mislev i5-7300U e 7-kata.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10010 на: 01 Март 2018, 09:38:00 am »
Некогаш типот на работа изискува едноставно да бидеш спремен да интервенираш дури и кога си на релаксација во кафич, без разлика колку било несоодветно местото, многу е поедноставно отколку да одиш дома или на работа за да извршиш неколку бејзик или посложен таск.
Дома и на работа, незамисливо е да се нема добар десктоп. Мислам, за озбилни ангажмани зборуваме, така?
Koja oзбилна работна околина не инволвира декстоп од некаков вид?

Инаку за „бејзик“ таскови (маил?, IM?) и смартфон ќе заврши работа.
За „не-бејзик“ задачи и ако работата е важна, сигурно нема да ја работиш во кафич или кај комшијата. Мене тоа ми изгледа како неозбилен однос кон работата - општо гледано, можеби твојот случај е специфичен исклучок (нема да знаеме додека не објасниш какви задачи извршуваш на лаптоп).

Цитат
...добар моќен лаптоп е незаменлив и многу покорисен од исто моќен статичен непокретен компјутер.
Да лаптоп е корисна ствар. Но само како дополнување на десктопот.

Симо може да има некои специфични потреби, кои ставаат лаптоп пред десктоп по корисност. Не велам не, којзнае што работи Симо на лаптопот... Но за другите (мнозинството), ако имаат три чисти, лаптоп не може да биде замена за десктоп. И изборот не би требало да биде исклучувачки меѓу лаптоп и десктоп, изборот би требало да биде колку пари да отидат во десктоп а колку во лаптоп.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4711
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10011 на: 01 Март 2018, 10:39:48 am »
Освен за у фирма каде набавка на десктоп е поефтина од лаптоп за поголем број на корисници, и во ептен ретки случаеви каде мора десктоп,у секој друг случај лаптоп пред десктоп.А да се објаснува тука некој у 2018та дека лаптопот е дополнување на десктопот,не е за коментирање.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10012 на: 01 Март 2018, 11:16:57 am »
Освен за у фирма каде набавка на десктоп е поефтина од лаптоп за поголем број на корисници, и во ептен ретки случаеви каде мора десктоп,у секој друг случај лаптоп пред десктоп.А да се објаснува тука некој у 2018та дека лаптопот е дополнување на десктопот,не е за коментирање.
Не те разбирам за што зборуваш... За економскиот аспект, што е поефтино меѓу лаптоп и десктоп? Нешто трето?
Исто и тоа последното (подвлеченото), не разбирам каква логика има во контекст со претходната реченица.

Ќе ти пречи да објасниш малку поразбирливо што ти е тезата?

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10013 на: 01 Март 2018, 11:35:58 am »
Некогаш типот на работа изискува едноставно да бидеш спремен да интервенираш дури и кога си на релаксација во кафич, без разлика колку било несоодветно местото, многу е поедноставно отколку да одиш дома или на работа за да извршиш неколку бејзик или посложен таск.
Дома и на работа, незамисливо е да се нема добар десктоп. Мислам, за озбилни ангажмани зборуваме, така?
Koja oзбилна работна околина не инволвира декстоп од некаков вид?

Инаку за „бејзик“ таскови (маил?, IM?) и смартфон ќе заврши работа.
За „не-бејзик“ задачи и ако работата е важна, сигурно нема да ја работиш во кафич или кај комшијата. Мене тоа ми изгледа како неозбилен однос кон работата - општо гледано, можеби твојот случај е специфичен исклучок (нема да знаеме додека не објасниш какви задачи извршуваш на лаптоп).

Цитат
...добар моќен лаптоп е незаменлив и многу покорисен од исто моќен статичен непокретен компјутер.
Да лаптоп е корисна ствар. Но само како дополнување на десктопот.

Симо може да има некои специфични потреби, кои ставаат лаптоп пред десктоп по корисност. Не велам не, којзнае што работи Симо на лаптопот... Но за другите (мнозинството), ако имаат три чисти, лаптоп не може да биде замена за десктоп. И изборот не би требало да биде исклучувачки меѓу лаптоп и десктоп, изборот би требало да биде колку пари да отидат во десктоп а колку во лаптоп.

По мене освен ако не се занимаваш со научни работи што бараат серверски конфигурации за пресметувања, лаптоп со новава 8 ма генерација интел и5 ка, мин 8 гб рам и ссд е сосема доволен, па дури и предоволен. Е сега секогаш има исклучок, ако работиш графички интензивни работи тогаш си бара десктоп, ако правиш постојано огромни пресметки користејќи го ЦПУ то и ГПУ то исто си треба конфигурација што кошта бааги и неможеш да го добиеш во лаптоп тоа, ама за се друго лаптопот ќе си го докнеш со екстернал монитор и тастатура и исто ти е како десктоп, со разликата што лаптопот ќе ти тежи 2 кг а куќиштето на десктоп многу повеќе и не се носи во раце со тебе. Кога зборам за лаптоп зборам за тие од 40к нагоре, тие од 20к за прелистување и играње карти се само. Класичен пример ќе ти дадам, ако ми треба компјутер за програмирање и ако го користам истиот на работа која е поентата да земам десктоп за да го користам само кога ќе бидам дома.
« Последно менување: 01 Март 2018, 11:41:54 am ghost555 »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10014 на: 01 Март 2018, 12:12:01 pm »
лаптопот ќе си го докнеш со екстернал монитор и тастатура и исто ти е како десктоп
...
ако ми треба компјутер за програмирање и ако го користам истиот на работа која е поентата да земам десктоп за да го користам само кога ќе бидам дома.

Друже овие цитирани делови ќе се надоврзат на поентата што ќе следи за кратко.
Прво кажи колку време поминуваш на компјутер, работа и се друго? Двоцифрена бројка саати дневно е? Секако е солиден број саати, така?

Епа ајде да зборуваме за работи како општо здравје, и за ергономија на користење на компјутери, ајде да зборуваме за цена на чинење, и ајде да зборуваме за трајност и долговечност на хардверот.
Дека хардверските компоненти на лаптопите се многу повеќе склони кон дефекти, тоа на сите им е познато. Тесен простор, тешко изводлива вентилација, дефекти заради долготрајни високи температури, дефекти заради подоложност кон падови и вибрации. Згора на се лаптоп кошта значително повеќе од десктоп со споредливи перформанси.

Од аспект на ергономија на користење, ако си го цениш здравјето и иднината (читај, ако имаш три чисти), работата на компјутер ја изведуваш на работна маса, правилно седнат на квалитетно столче, тастатурата ти е во висина на спуштените лакти а врвот од мониторот ти е малку над висината на очите. Употребуваш фул сајз тастатура (опционално и пожелно со тактилен фидбек за контакт, за да не ги „тепаш“ тастерите и малтретираш прстите), и употребуваш ергономски глушец.

Лаптопот те тера да ја наведнуваш главата надолу, рецепт за проблеми со врат и кичма. Сега можеби имаш, колку, 20 и кусур? Што ќе биде со тебе за 10 години, 15 години? 20+ години?

Тастатурите и на најголемите лаптопи се бедно инфериорни во однос на просечно квалитетна десктоп тастатура, а сосема прифатлива е разликата во цена до премиум десктоп тастатура (пошто добра механичка тастатура еднаш се купува, и се користи и после промена на хардверската платформа). Да, на лаптоп можеш да закачиш десктоп тастатура и добар глушец, па и добар монитор... Но која е поентата да се заебаваш со повеќекратно секојдневно приклучување и исклучување приклучоци кога осредно опремен десктоп кошта помалку од пола цена за квалитетен лаптоп? Цената на квалитетни тастатура глушец и монитор не ги сметам тука, пошто и сам велиш дека ти требаат за да ги закачиш на лаптопот.

Понатаму, која е неопходноста секојдневно да влечкаш лаптоп од неколку кила?
Чуму кога за парите можеш да имаш и десктоп, и побазичен лаптоп?

Посебно за програмирање не ти треба многу моќен десктоп (освен ако постојано не компајлираш големи количини код). Ако работиш во фирма, секако имаш десктоп на работа. Ако си сам свој газда, пак би требало да имаш десктоп и на работа (од погоре објаснетите ергономски причини).
Имање само лаптоп, и немање десктоп, можам да оправдам само кај исклучително сиромашни луѓе кои само што почнале да заработуваат (или студираат). Но кога ќе видам дека мнозинството во џеб имаат телефон од над 300-500евра, економијата на „лаптоп како десктоп“ веднаш паѓа во вода.

edit:
Нејсе, мислам дека доволно објаснив.
Не ве гледам никој од вас „само лаптоп“ фановите да начнете ниеден од аргументите кои ви ги изнесувам. Дали не ги знаете работиве кои ви ги покажувам, или намерно ги игнорирате , тоа сепак е само ваша работа. Користете вие што ви е волја и кеиф, само немојте подоцна во животот да се жалите како модерниов живот ви го заебал здравјето. Немојте, пошто сами си го заебувате здравјето, свесно и неодговорно. И прилично глупаво.
« Последно менување: 01 Март 2018, 12:19:23 pm Van »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10015 на: 01 Март 2018, 12:21:29 pm »

Се согласувам со горе кажаното.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10016 на: 01 Март 2018, 12:30:43 pm »

Те сфаќам, во право си за тоа што го кажуваш. Мене ми беше поентата ако ти треба лаптоп што го користиш на работа докнат, не гледам поента да купуваш и дома десктоп. Е сега ако работиш од дома нормално дека десктоп е правилниот избор, помалце фрлени пари а подобри перформанси и можност за надоградба. Ама од аспект на перформанси, и лаптоп од 40000 ќе ти ги задоволи барањата, е сега за 40000 можеш да си земеш десктоп со далеку подобри перформанси, во зависност од потребата така ќе играш. Инаку комплетно си во право и за комоција и позиција на работење, и бесмислено е да земеш лаптоп ако цел ден седиш дома и ти е докнат на монитори, ама ако го носиш со тебе и ти се потребни сите тие податоци/програми, правилен избор е лаптоп по мене.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10017 на: 12 Март 2018, 11:29:24 am »
Дечки ај еден совет.

Desktop-от мртов. Не сака да подигне. Значи не доаѓа струја.

Пробав да го исклучам напојувањето I/O копчето. Со исклучено напојување држев на копчето да треба нешто да се испразни пак пробав пак ништо. Го откачив кабелот за напојување, пак го ставив пак ништо.

Немав многу време да дијагностицирам, се брзав сабајлево.

Cooler Master ми е напојаувањето, специфично барав подобро, ...

Ако не ми текне уште нешто да пробам вечер, некој сервис да препорачате да се провери напојување or something.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7400
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10018 на: 12 Март 2018, 11:37:52 am »
Отвори го куќиштето и откачи го напојувањето од сегде, не мора да го вадиш од куќиште.
Закачи го струјниот кабел, Оff копчето, и стави спајалица меѓу зелената жица и една соседна црна жица, на главниот 24-пински конектор.
Прицни го On, треба да проработи напојувањето, ако не... умрело.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #10019 на: 12 Март 2018, 11:38:56 am »
На толку мртов систем напојувањето лесно се тестира. Откачи ги сите конектори од хард диск, режач, 24пински од матична и 4/8 пински од матична за процесор и брцни желевце меѓу зелена жица и црна на 24 пински конектор. Ако заврти кулерот на напојувањето тогаш може и матичната да е отидена. Најубаво е доколку си во можност да ставиш напојување позајмено на кратко од пријател комшија или слично пошо тестов што го пишав погоре не е 1000% прецизен.

Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap