Да опитам за идеи, сугестии и слично...
Порано се дешаваше десктопот да не ми се уклучува од прва... Имено, ќе почнеше да старта, ама не вадеше слика воопшто. Со ресет (или два) се пушташе најнормално. Арно ама, денес снема струја додека беше пуштен (не работеше ништо, само беше уклучен) и сеа нејќе да старта т.е. е исто како претходно - компјутерот работи, хардот се врти, ама нема слика. Нема бипкања за грешка у систем или у биос. Пробав со неколку ресетирања, не се пушти. Пробав да го отштекам од струја комплет, па после некоја минута да пробам пак, ама пак ништо.
Некои мислења, идеи, сугестии?