Ај да прецизирам...
Имам WD Black 1TB и Hitachi 250GB во десктопот во моментов. Сакам да земам ССД со повеќе од 120 ГБ, пошто би ставил позамашни битни работи на системскиот диск (Adobe ствари). Најдов Самсунг 850 Ево 250ГБ за прифатлива цена, па би сакал да го земам тој, а да ја тргнам 250ката Хитачи, да ја ставам како екстерен драјв.
Само ми беше збунка за дали би имал проблеми со матичната, бидејќи е постара. И пљус питање, дали има начин да се „ископира“ системската партиција, за да не преинсталирам све од почеток?