Јас потполно те разбирам и фала ти на исцрпниот одговор и натпис
Одговорот воопшто не беше исцрпен туку штур и минимален чисто колку за информација без валидни докази кои се милијарди на број и кои би ги приложил да имав толку време.
но секој си има свое размислување и размислување
Да, може да имаме различно размислување за некоја женска или дизајн на кола. Но кога се работи за техника може да зборуваме со технички јазик каде што работите се математички дефинирани. Па така не може да биде валидно, на пример, размислувањето дека 2 е поголемо од 14.
не е битно дали во животот купил или не купил ствари па да мора да коментира или да даде свое мислење
Многу е битно, личното искуство пред се. Судејќи според тоа што претходниот твој компјутер си го склопил пред 8 години, можам да кажам дека речиси немаш никакво искуство односно дека твоето искуство тежнее кон нула. Јас во изминативе 8 години за мои лични и потреби имам склопено буквално 40 компјутери од кои пола се надпросечни (гледано по светски стандарди, не по македонски). И она кое го зборувам не е кажано на памет туку прво е од големо лично искуство, а второ е од големо лично изучување на хардверот во најмала танчина како мое хоби.
, инаце што се однесува до моето дебатиреање и давање
мислења на одредена тема е потпомогнато ако ти е битно да знаеш од мојот баџанак кој работи во
дојџе телеком така да не се лупнати на празно зборовите освен само линковите кој ги дадов по мое мислење
и убаво си пишува
Ако е така тогаш твоето мислење е потпомогнато од човек кој поима нема и јас на твое место би ги прескокнал неговите „размислвуања“ бидејќи наместо да те информираат тие те дезинформираат. Подобро нешто да не знаеш отколку да го знаеш погрешно. А тоа што работи во Дој
џе Телеком не го прави експерт во областа на хадвер, без разлика дали е експерт во некоја друга инжинерска област или не е или е само вратар или чистач. Ете јас сум електро инжињер и магистер на ЕТФ и работам во ЕВН која е многу моќна странска компанија, па моите знаења од областа на хардверот немаат никаква врска со мојата фирма и моето работно место.
А тоа што се однесува до Бред Пит и Циган ( вреѓање на Ромите ) е истото тоа што и јас и ти возиме јапонски
возила а НЕМАВМЕ ( определен период ) официјален сервис за сервисирање во кој се инвестиране не 1000 евра
туку 10 па може и повеќе пати по 1000 евра.
И кога имаше официјален сервис не ја носев кај нив дека беа шупци. И никако не ја гледам поврзаноста на немањето сервис со мојата споредба на Брет Пит и Циган што чачка во контењер со Анхоч и АМЦ, каде едните се поштени, професионални, крајно коректни и услужливи, додека другите се хокштаплери кој продаваат расипана и користена роба, кои се крајно некоректни, непрофесионални и неуслужливи.
Јас само би забележал дека моќта на процесорот и графичката се - ајде да речеме - подеднакво важни.
Се слагам дека се подеднакво важни и затоа и ги набројав само нив две. Но не се и подеднакво скапи, па кога се склопува гејминг конфигурација со ограничен буџет цената на графичката карта е практично двојно поголема од онаа на процесорот. На пример, на процесор i5-3450 кој кошта 160 евра му стои графичка картичка како GTX 760 која е 260 евра. Или пак на процесор Celeron G1610 кој кошта 40 евра му стои графичка како Radeon 7750 која кошта 100 евра. Затоа во мојата листа графичката ја ставив како приоритет број 1).
Поточно, зависи од играта. Рилтајм стратегијата која ја играм више со години подобро ќе работи на многу јак процесор и средно-добра графичка, отколку со средно-добар процесор и многу јака графичка.
Се слагам, во твојот случај тоа е така. Ама ако ги земеме останатите милиони гејмери низ светот тоа не е така. На една RTS која се игра доаѓаат 30 или повеќе FPS. Не знам каде читав статистика на продажба на игри, односот на FPS и RTS е бар 30 пати повеќе. Па така за просечен гејмер валидно е она кое го пишав, а за оние кои играат RTS е валидно твоето(како и секогаш обратно од останатиот свет

) перцепирање на работите.
Воедно, отвори ТОП 20 игри за секоја од изминативе 5 години и види колку од нив се RTS и симулатори на летање, а колку FPS и колку од нив се гладни за процесор, а колку за графичка карта. Или уште подобро ако ја најдеш статистиката на продажба, тоа треба да е доволен показател.
VGA 1GDDR5 било која и ич да не ти чуе..
На пример купи си Radeon 5550 со 1GB gDDR5 и во Crysis 3 без проблем ќе гледаш по 1 фрејм на 2 секунди со сите сетинзи ставени на минимум и најниска можна резолуција. А тек ако ја оверклокуваш, бидејќи картата е ѕвер за оверклокување ќе гледаш 1.3 фрејма на 2 секунди.