Имаш активни и пасивни аудио контролери, тоест звучни картици вака народно кажано. Во лаптопите се ставаат контролери кои даваат помала јачина на сигналот заради намалување на потрошувачката на струја, едноставноста и ниската цена на контролерите и слични технолошко-практични причини. Тоа што лаптопите се бренд не кажува ништо, значи не станува збор за квалитетот на аудио контролерот туку за неговата намена. Овие се нарекуваат пасивни контролери. Активните се ставаат во десктоп компјутерите бидејќи темепратурата и потрошувачката на струја не се проблем. Плус тоа што во десктоп компјутерот имаш напојување од 350-1200 вати а во лаптоп имаш од 35 до 100 вати. Затоа е проблем да се става активен контролер во лаптоп. Сега во поново време гледам пасивни контролери ставаат и во десктоп компјутерите како онборд опција. Сите оние Атерос, Реалтек, ИДТ и разни други контролери се пасивни, додека Sound Blaster, Audigy и други кои се како екстерни картици се активни.