Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1620176 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34506
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1230 на: 16 Септември 2012, 12:58:43 pm »
Сетете се на насловот на темата и прекинете со бескорисните синтетички бенчмарци. Дали дискот давал 500 или 300мегабајти е сосем небитно во пракса. Се тоа е маркетиншка глупост исто како и со милионските контрасти и милисекунди кај LCD екраните.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1231 на: 16 Септември 2012, 13:43:50 pm »
Може постовите да се преместат во темата за ССД-а и рандом ИТ ствари.

Инаку AS SSD е многу комплициран бенчмарк кој дава реална слика за тоа како ќе се понаша SSD-то во реалноста...Поточно 4К, 4K-64 threads и access time се бројките кои ја откриваат приказната.

Што се однесува до контрастот и милисекундите, тоа се многу битни параметри, меѓутоа маркетиншки се измислени други параметри кои се тотално небитни и со кои купувачите ги доведуваат во заблуда. Па така наместо реалниот контраст кој може да го прикаже панелот е измислен т.н. динамички контраст изразен во катаљарди и кој се добива со помош на LED позадинското осветлување и кој го упропастува приказот на бои и ги замара очите. Исто е и со response time, каде наместо да се даде бројка за реалниот black to black контраст се дава нешто сосема небитно а тоа е gray to gray...
Слично како кај мониторите и кај SSD-ата се користат вакви лаги и превари, а посебно кај оние со SF контролери кои благодарение на компресијата во изолирани сценарија каде драјвот е праткично празен и запишаните податоци можат значително да се компресираат постигнуваат голем проток на секвенциско вчитување и запишување. А тоа се најнебитните перформанси за едно SSD. Битни се времињата на пристап и 4K перформансите на реални податоци кои многу малку можат да се компресираат. Но маркетингот е немилосрден па сме сведоци на сваштарија со разно разни стикери "The fastest SSD in the world! 550MB/s !" ко на пример A-Data SX900. Па ќе ги прочита некој ко наш Куоре кој не разбира што значат тие бројки и ќе труби наоколу дека има/продава најбрзи SSD-а. Нешто слично ко најдобриот 1.4 атмосферец на LP со неверојатните 109КС.
« Последно менување: 17 Септември 2012, 09:51:59 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1232 на: 17 Септември 2012, 09:08:38 am »



 







Добро напреднале за една година


Vertex 3

« Последно менување: 17 Септември 2012, 09:24:52 am Cuore Sportivo »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1233 на: 17 Септември 2012, 09:53:23 am »
Напреднале во перформанси, ама сеуште се најголем чкарт кој може да се најде на пазарот...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1234 на: 17 Септември 2012, 10:02:30 am »
Абе лесно е да се јаде го*на, тешко е да се произведе ;D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30721
    • CARclub.mk
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1235 на: 17 Септември 2012, 10:03:34 am »
Ај полека со навреди. И така договоривте опклада, ќе видиме кој е во право.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1236 на: 17 Септември 2012, 10:05:13 am »
Стварно Куоре...не си се вреѓај! :D

Туку дајте листа на програми и игри кои ќе ги инсталираме за да моеме да тестираме...
OS: Windows 7 x64 SP1
MS Office 2010 Pro SP1
Adobe Master Collection CS6 Pro
Matlab 2011b
MS Visual Studio 2012


Дајте предлог на игри и предложете методологија на тестирање...

« Последно менување: 17 Септември 2012, 10:59:56 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1237 на: 17 Септември 2012, 11:08:57 am »
Три категории:

1. Инсталација на W7
2. Инсталација на една програма, било која
3. Копирање на фајлови, ( претходно спремен диск со рецимо 100 гига филмови)

4... Кафана  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1238 на: 17 Септември 2012, 12:20:43 pm »
Не е тоа тест...Тестираме за видиме кое SSD е побрзо во реално сценарио при секојдневна употреба.

1) Време на инсталацијата на ОС и програмите.
2) Стартување на програмите по бутирање.
3) Стартување на игра која има долго вчитување на нивоа.
4) Копирање на фајлови со различна големина.
5) Повеќе операции истовремено: копирање на податоци во позадина и вчитување на апликација.
6) Повеќе операции истовремено: 4 сесии со копирање на податоци во позадина и вчитување на апликација.
7) Време на бутирање и гасење на опеартивниот систем.

Давајте уште предлози...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2829
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1239 на: 17 Септември 2012, 12:33:43 pm »
Ептен живо сум заинтересиран за исходот! Дури и мислам дека немора да има кафана само да си ги измерат... перформансите е доволно :D би сакал да учествувам како набљудувач во тестирањето, еве немора и у кафаната (тешко е да си набљудувач у кафана).

BTW Каде работиш Cuore, ако не е тајна (а можеби и имаш пишано веќе, ама да не барам)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1240 на: 17 Септември 2012, 13:21:41 pm »
Шо сакаш тоа гојде, просрчај по нет, види што му лежи на плексторот да не испадне ко ебан да си идеш после ;D

Dodo, немам конктакт со крајни така да небитно кај работам  ;D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1241 на: 17 Септември 2012, 15:10:09 pm »
Не бе Куоре, не е поентата да тестираме тоа што му лежи на некој од драјвовите. Поентата е да тестираме сценарија од секојдневието.
На пример јас обично на компјутерот имам иснталирано 10-тина побитни пакети софтвер, 10-тина алатки, 10-15GB слики и по некоја игрица. Се на се овие работи зафаќаат од прилика 70-80GB и може да се сместат на SSD од 120/128GB.

Е сега, на еден вака наполнет SSD поентата е да се направат тетсирања на секојдневни сценарија, а такви се стартување на апликации, апдејтирање, иснталирање, копирање од еден уред на друг и комбинација на неколку од овие активности во исто време.

Затоа членовите нека дадат предлози на софтвери кои ги користат и секојдневни активности врзани со SSD/HDD, па ќе направиме методологија на тестирање.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4358
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1242 на: 17 Септември 2012, 15:13:10 pm »
Можеби најдобро е секој од тестовите кој ќе ги правите да се повтори неколку пати па да се добие некоја средна вредност.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55291
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1243 на: 17 Септември 2012, 15:16:40 pm »
E da be dosadno da stane...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34506
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1244 на: 17 Септември 2012, 15:19:39 pm »
Јас би ви дал VMWare Workstation 8 виртуална машина од 40Gb со еден куп сервиси инсталирани со која ќе можете да мерите стартување и гасење на виртуалната машина. Ова ќе тестира мултитаскинг и работа со многу а мали фајлови + свапување во пејџ фајл...

Јас ова го работам на Mushkin Advanced Chronos od 120Gb беспрекорно и тоа на лаптоп. Побрзо од RAID5 array so 7 SAS diskovi.