Иначе...300 евра е за Австралија знам кај нас агентите (официјалните) си бараат процент (многу нормално!). За оние што им е матна целата ситуација за иселување јас навлегов во проблематикава и некако доаѓа вака
- Лични документи преведени на Англиски од овластен судски преведувач. Државјанство, диплома за последно завршено образование, CV и ако имате работно исксутво со меморандум од работа (кај што работите) да имате ДЕТАЛЕН опис за тоа се што го работите на работа и зезнатиот дел - потпис од директорот. Запознаени се во Австралија дека можеш да изгубиш работа за тоа ама не ги интересира, па останува на тебе да се снајдеш како ќе се извадиш пред шефот зошто ти треба таква изјава што работиш. Најубаво е за некаква обука, семинар или сл. Во тоа писмо треба да има години, машини, програмски јазици (пример), проекти, трудови, ...се. (Не се надевајте многу ако немате барем 3 години пријавено работно искуство)
Поднесувањето е до службата за евалвација ако можам така да ја наречам која дава мислење до Immigration service до одредена држава (во случај AUS). Пример сте програмер и се упатува таков Skill Assessment до Australian IT Society (тропам за имево ама слично е) и тие даваат мислење. Е сеа тие ако речат ОК си...тогаш голема шанса имаш да добиеш иселеничка виза. Оваа „проценка“ е 300 евра + агентски трошоци. Во Македонија има 2 (ДВЕ!). Едната е во Скопје, другата е во Битола. Во Скопје е кај Бисер (некој дечко бил), а во Битола - Билјана Ѕалева.
А колку време трае е тоа не знам. Јас мислам од 6-12 месеци преку сила. 2 години дека траело... не сум слушнал до сеа освен ако има некакви проблеми исл.
А за IELTS морате да одите кај овој агентот да види каков тест ќе треба да полагате : General или Academic.
Најчесто поминувате со Generаl, ама одредени струки бараат Academic знаење.
Јас полагав IELTS пред 10 дена (Academic) и ако сериозно не знаете Англиски јазик, џабе ви е

Не сакам демотивациски да делувам, ама и искусен слушател, зборувач и пишувач

на Англиски јазик може да направи пропусти. Тоа го пишуваат и луѓето од Cambridge. Самите Англичани неможат да извадат максимални бодови иако на лик тестот е едноставен. Правилата се строги и (според мене) глупави.
Слушањето ви се дозволува само еднаш да ја слушнете целата снимка и да успеете да пополнете.
Читањето е лесно ама прашањата се зезнати (пример слични решенија кога треба да бирате)
Разговорот е лесен и е ОК (Интервјуто) само што јбг не е така едноставно како што мислите. Јас солидно го познавам јазикот (прв во генерација по Англиски и сл.) ама дур да го скршите јазикот е мачно. Ако имате со некого да разговарате неколку дена претходно ќе ви биде полесно.
Пишувањето е лесно, според мене најлесно. Еден текст 150 зборови, вториот 250 зборови

Резултати уште чекам