Еве јас како Архитект.
Од страна на објект/градба немаш никакви поинакви процедури за изградба од колку обична куќа.
Значи треба да најдиш локација каде што ќе можиш да градиш Хотел. Намената е Б. Конкретно Б5 за хотелски комплекси.
Сите стандарди и нормативи за соби и содржина ги одредува Инвеститорот.
Најчесто работиме со некој ланец на Хотели и тие имаат специфични барања за простории и содржина.
Нашиот, Македонски правилник за Хотели е оскуден. Нема категоризација, нема некои строги барања за инсталации и содржини.
Е сега ако сакаш да пренамениш куќа/зграда/спрат во Хотел/Хостел треба да си прашаш во Општина кои документи ти требаат. Во тој случај со Архитект освен за реновирање немаш друга работа.
Ако ти треба нешто повеќе пиши ми на ПП.