Ме интересира која е постапката, пример имаш куќа на водно на 5 спрата и сакаш да ја претвориш во хотел, која е правната постапка, кои се давачките, каде треба да се обрати и сл. Или купеш парцела на водно со платени комунали и сакаш да си изградиш хотел?
Постапката е повеке од сложена.
1. Димензиите на собите на куќата не се предвидени за да бидат хотелски.
2. Како второ немаш шанси да направиш WC во сите соби. (без тоа не добиваш категоризација за хотел од комисија)
3. Треба да имаш ресторан и кујна за појадок и алакарт ресторан
4. Треба да имаш дојава за пожар во сите соби и недајбоже во случај на пожат таа дојава треба да ги отвори сите врати. Значи и вратите треба да бидат со брави под електричен напон.
5. Треба да имаш рецепција 24h
6. Треба да имаш котлара по сите стандарди за греење, ладење и топла вода.Ако не е по прописи 15 000 евра е казната.
7. Треба да имаш голем паркинг простор,
8. Систем за телефонска линија од сите соби до рецепција ( чини многу)
9. Ти треба голема просторија каде што ке ти бидат пералните и сушалните.Заради тоа што на ден ке имаш за перење како едно маало.
Најпаметно:
Ја продаваш куќата за одредена сума и почнуваш да градиш Хотел по сите стандарди.Заради тоа што што и да направиш ке биде куќа претворена во Хотел.Хотел нема да биде никогаш.