Автор Тема: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?  (Прочитано 12707 пати)

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Оваа тема ја отварам затоа што во многу муабети имам слушано колите од таа дрзава се крш, а од друга држава се зачувани... Поентата ми е ако се решам да увезам возило накај каде да целам :) јасно ми е и дека во секое стадо овци има по некоја црна :) Од мое лично искуство мислам дека во швајцарија 99% од колите се екстра зачувани, лично јас умам донесено за мене возило од CH сум задоволен...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #1 на: 28 Јануари 2012, 19:24:09 pm »
Хихи, какво прашање :) Мислиш од европскиве држави?
Абе тоа не зависи од државата, од сопственикот зависи :D

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #2 на: 28 Јануари 2012, 19:31:34 pm »
Цимерот мој играше одбојка во Белгија,ова ми е информација од него, а инаку купи од таму Волво S80 2009год

Во смисол на евиденција која ја добива прекупецот, дали е удирана, сервиси, забрането враќање километри.... Белгија





Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #3 на: 28 Јануари 2012, 19:31:49 pm »
Хихи, какво прашање :) Мислиш од европскиве држави?
Абе тоа не зависи од државата, од сопственикот зависи :D
+1

Убаво кажа мајсторе се е до човекот, во Македонија има многу луѓе што си ги одржаваат своите коли, пример ти се луѓево од форумот. (освен Скорпион дечкото со картерот ;D ;D)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #4 на: 28 Јануари 2012, 19:35:29 pm »
пример ти се луѓево од форумот. (освен Скорпион дечкото со картерот ;D ;D)
А-хахахах, сега го начека. Јебига друже Скорпион, си заслужи рендање. Јас да работев во центар за социјални работи ќе ти го земев волвото до сега :D :D :D

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #5 на: 28 Јануари 2012, 19:39:46 pm »
Сите мислења држат вода според мене, али колку и да ја чуваш некоја кола самата клима, временски услови, непогоди, или шта ја знам ваљда лошо влијаат на истата. На Холандски веб, се загледав на никој не му текнало километража да врати, значи владее закон некој си :) Ваљда од такви причини е отворена темава.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #6 на: 28 Јануари 2012, 19:42:56 pm »
Ок е тоа што зборите, дека е до газдата на колата, ама јас мислам и дека колите произведени за ЕУ се со подобар квалитет од кај нас, а и тоа што владеат закони е екстра повеке за двоумење...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #7 на: 28 Јануари 2012, 19:48:50 pm »
Викаш дека производителите прават возила специјални за во ЕУ?

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #8 на: 28 Јануари 2012, 19:51:34 pm »
Не дека се специјални, и мислам (не тврдам) дека се со подобар квалитет одколку тие што пристигаат кај нас...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #9 на: 28 Јануари 2012, 19:59:27 pm »
Не дека се специјални, и мислам (не тврдам) дека се со подобар квалитет одколку тие што пристигаат кај нас...

Јас имам информација од прва рака дека производителите на возила произведуваат возила наменети са испорака на плац во Ротердам или Словенија или било каде. А дали Фиатот од словенија ќе заврши во Крива паланка или во Германија тоа никој не може да знае се додека не се резервира возилото по број на мотор и број на шасија.
На пример мојот Спарк го следеа додека беше на плац во Јужна Кореја. Дали завршил во Македонија или било каде на друго место тоа Даеву не го боли.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #10 на: 28 Јануари 2012, 20:05:56 pm »
И јас знам за од Швајцарија дека се најзачувани. Ако сакаш да ја донесеш со возење, неможеш да пројдеш граница без да и смениш тоа што ќе оценат дека е за менување, а со камион можеш и најголем крш да си донесеш. Така имам слушнато :)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #11 на: 28 Јануари 2012, 20:08:06 pm »
Од мое искуство ќе ти кажам дека од Словенија и Австрија колите имаат најмногу корозија па следат од Германија по нив исто така Германските возила важат за нај одржувани мада сум гледал разни пиздарии и на нив како затегачи стари 10 години непроменети филтри и ред други работи италијанските до сега имале најмалку корозија мада многу пати биле подфарбнувани браници крила итн а инаку имам разбрано дека жабарите претежно не се разбираат од мотори и не ги одржуваат толку мада зависи секоја различно.
Белгија Холаднија Швајцарија се со помалку корозија нешто како германските за одржувањето мислам дека Швајцарските се најодржувани мада секогаш се сведува муабетот кај што фрлаат помалку сол по патиштата таму се најздрави возилата имам сретнато италијански возила стари 10 години во состојба како да се стари 3 години.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #12 на: 28 Јануари 2012, 20:14:53 pm »
Да ама можно е поради построгите закони и регулативи во европските земји колите да се поквалитетни, и да твојот си го прател од почеток на испорака, ама од каде си сигурен дека во фабриката излегуваат возила со ист квалитет, и дека не ги складираат по крајна категорија на квалитет?
Од мое искуство можам да ти дадам пример за меган од 2003год купен од рено мк, со 100 000 и нешто км, и донесен од холандија со 230 000 км, 2003 год... Првиот редовно одржуван со сервисна книшка беше повеќе оштетен( излупени рачки, копчиња за стакла, за ретровизори и сл) во внатрешноста отколку вториот, кој имаше само скршена рачка за висинско прилагодување на предно седиште...
А да и кога си кај фиат можам да ти кажам дека пунтото за во швајцарија е  3класи погоре со квалитет одклолку кај нас во мк, имам гледано пунто донесено од таму, а и на пример зошто во ЦХ нема фиат линеа :)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #13 на: 28 Јануари 2012, 20:58:09 pm »
Веќе кога се почна муабетов .. Некоја страна за да разгледам машини од Швајцарија да ми предложите ? :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Од која европска земја се најзачувани автомобилите?
« Одговори #14 на: 28 Јануари 2012, 21:42:55 pm »
Од она што го имам слушано, гледано и видено, по мене најсочувани биле колите донесени од Холандија...Можда е случајност, но мислам дека на донесени 10 возила од холандија, 9 да се во топ состојба не е случајност...
Колите донесени од Словенија мислам дека се во најлоша состојба...
Потоа се колите од германија и италија...Италијанците се стока, прљави возила, но сепак се исправни...Швајцарските незнам...Луѓето се ок, одржаваат но...Незнам како стојат ради временските услови, и нормално од кој дел на земјата се донесени...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.