Автор Тема: Казнени поени во сообраќајните книшки ?  (Прочитано 20266 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« на: 17 Февруари 2011, 21:08:21 pm »
Имам прашање за кое верувам дека некој од вас сигурно има некаков одговор, а верувам дека и многу од вас ги интересира ова..
Поточно дали некој знае, дали после некој временски период се бришат казнените поени кои се впишуваат во книшките???
Имам некаква информација дека после 3 години казнените поени од книшките се "ресетираат" на нула? Дали е ова точно или не?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #1 на: 17 Февруари 2011, 21:19:53 pm »
По една година ти се бришат. Еднаш годишно ти се бришат. Значи за секој прекршок за кој ќе добиеш поени, истите истекуваат година дена по прекршокот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #2 на: 17 Февруари 2011, 21:26:36 pm »
Дали е ова како сознание од чаршиски муабети, или пак имаш некакво официјално сознание?
:)
Многу е важно, бидејќи ете јас имаф чаршиска информација дека пак на 3 години се ресетирале?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #3 на: 17 Февруари 2011, 21:40:35 pm »
Таа информација ми е од пријател од Сообраќајна кој поприлично е запознаен со сообраќајните прописи и норми. Во секој случај може утре да се јавиме во сообраќајна полиција и да дознаеме.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #5 на: 17 Февруари 2011, 21:48:03 pm »
I jas znam deka e na 3 godini.
Koga mi gi pisaa mi kazaa.
Ako nesto se smenilo vo meguvreme togas u red.

Отсутен tr20

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #6 на: 17 Февруари 2011, 22:23:35 pm »
3 години важат откако ќе бидат впишани, кога ќе поминат 3 години веќе не важат.

пример ако:
на 1.1.2011 ти пишале 10 поени
на 5.5.2011 ти пишале 15 поени
на 1.1.2014 ке имаш 25
на 2.1.2014 ке имаш 15

Значи финтата е у рок од 3 години да не надминеш 100 поени.

Полесно да се објасни (издроби) од ова неможе.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #7 на: 17 Февруари 2011, 22:37:24 pm »
епа тогаш се 3. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #8 на: 17 Февруари 2011, 22:58:40 pm »
еве и од мене 1 прашање дали кога ти ставаат казнени поен ти ставаат само на категоријата со која си го направил прекршокот или на возачката , еве пример вака ако имам положено за автомобил и за камион и направам 100поени прекршоци со автомобилот дали би ја зеле само таа категорија ( Б ) или комплет се , според моја логика треба да е само таа категорија но не знам како е регулирано со законот

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #9 на: 17 Февруари 2011, 23:01:46 pm »
Да, ако ти е одземена Б категорија, со Ц возиш нормално, или обратно!

Отсутен Jordan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшк
« Одговори #10 на: 17 Февруари 2011, 23:04:50 pm »
Да, ако ти е одземена Б категорија, со Ц возиш нормално, или обратно!

па и јас така мислев но не бев сигурен , инаку се распиатав за ова затоа што имам М категорија ( 50сс скутер ) и  сега да наполнам 18 веднаш ќе полагам за автомобил , а со Б може да возеш 50сс , па затоа кога ќе ми ја впишуваат Б категорија ќе барам да не ми ја избришат М затоа што ако направам некој прекршок со скутерот ќе можам да ги ставам поените на М категорија наместо на Б , мада кога би положил повеќе би бил со автомобилот , но и скутерот за лето е супер

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #11 на: 17 Февруари 2011, 23:19:07 pm »
мхм, ова со категорииве веќе стана дискутабилно... :)
Точно е дека со Б можеш да управуваш и со мотор до 50 кубика, или пак со Ц можеш да возиш кола, но ако го надминеш лимитот од 100 поени, мислам дека ке ти ја одземат возачката за сите категории??? А не само за подкатегоријата во која си го направил прекршокот?? Ондак во тој случај нема логика :)) или има дупка во законот :))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #12 на: 17 Февруари 2011, 23:23:36 pm »
Ќе га хакнемо закон  што го ј*беш  ;l)

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #13 на: 18 Февруари 2011, 03:02:46 am »
кога полагав пред година и пол, знам дека после 2 години се бришат казнените поени

Отсутен Zvrki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 396
Одг: Казнени поени во сообраќајните книшки ?
« Одговори #14 на: 18 Февруари 2011, 09:44:26 am »
Точно после 3 години ти ги бришат поените али ако од последното упишување на поени не си направил прекршок во рок од 3 години. Така да ако на 01.01.2010 ти пишале 30 поени и требало на 01.01.2013 да ти ги избришат а ти на 31.12.2012 си напраи прекршок и си добил 20 поени тогаш не ти се бришат тие 30 него сега имаш 50. И треба наредни 3 години да ненаправиш никаов прекршок за да ти ги избришат сите 50.