Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Цитат: Deni на 26 Јануари 2012, 18:02:47 pmСидаши системс. -ако тераш на јапанско малце.А на германски...? Пошо главен соработник ми е германска фирма ....?Курајберинг систем!! БТЊ...Доста си го ладиш, ќе ти нацртам на полото со клуч нацистички знак!
Сидаши системс. -ако тераш на јапанско малце.
Термините како - Консалтинг, Администрација, контрола на системи, Информатички, сметководствени,Accounting & Retail systems....итн, претставуваат дескриптивни односно описни термини и какво такви истите се слободни за употреба - за секој кој се занимава со тој тип на дејност, било да станува збор за регистрација во Централен регистар - каде регистрираш фирма или пред ДЗИС доколку се решиш понатаму на пример да направиш заштита на бренд/трговска марка.Обично за овој тип на дејност се додава некое дополнително име - кое ќе му даде дистинктивен-препознатлив дел во целокупниот назив, и јасно ти тоа го бараш. Во пракса обично се наведуваат имиња - поточно презимиња, а исто така имаш и примери како Менс Легис или кратенки од две букви и сл...., а често сум среќавал после описниве термини, да стои Адвокатска канцеларија - таа и таа.Како и да е јас име бар денес тешко дека ќе ти смислам, ама она што би те посоветувал е да ако веќе дојдеш до некое решение, гледај истото да не биде само различно во ЦР, туку и во ДЗИС (за да можеш во иднина да го заштитиш како трговска марка), бидејќи не ретки се ситуации каде на пример - еве името нека е... што ја знам - RPC, истото ќе ти пројде во Централен регистар, ама може како бренд за тој тип на услуги да е веќе заштитено во ДЗИС, од на пример ТД ПЕТКО ДООЕЛ - и тој во иднина врз основ на првенство - ТД ПЕТКО ДООЕЛ да ти поднесе приговор и да те спречи да од името RPC да направиш бренд - а ако се работи за поголем бизнис и да ти забрани да го користиш во прометот истото име, иако ти си го заштитил во ЦР и на пример 2-3 години го користиш на пазарот (ѕирни го Законот за трговски друштва - мислам член 46 и Законот за индустриска сопственост).Не знам дали ме разбираш, ама оној момент кога ќе одбереш име, гледај не само да е слободно во Централен Регистар, туку истото да не ти биде идентично ниту слично со некое име во Државниот завод за индустриска сопственост.
Wiena-лесно за памтење,башка убав град па со убаво да ти почне бизнисот..
Латински изрази ми се добри мене а и ретки:CASTELLUM (латински замок)AUDAX (Смело)CALLIDUS (искусен паметен, итарINFORMIS (без форма)JUGITER (постојано)MULTUS (Многу)PERITUS (експерт, вешт)
Цитат: Deni на 26 Јануари 2012, 18:02:47 pmСидаши системс. -ако тераш на јапанско малце.А на германски...? Пошо главен соработник ми е германска фирма ....?